Новата населба Александрија ја добива својата 5-та зграда со атриум

Новата населба во Скопје, Александрија, благодарение на Фабрика Карпош, започнува со изградба на резиденцијална зграда со атриум. Новата зграда Атриа е петта во населбата Александрија, а се наоѓа на само 150м од новиот кружен тек кај Порта Влае и на само 5 км од центарот на градот. Станбената зграда Атриа ќе понуди нов, уште повисок стандард на домување.

„Сите еколошки, економски и социјални предности кои што ги носи атриумот совршено се совпаѓаат со концептот на Александрија, па оттаму дојде и идејата за Атриа како 5-та зграда во составот на населбата. Максимално сме посветени на квалитетот на животот на идните станари и сакаме да им овозможиме едно поинакво доживување на животот во Скопје.“ – велат од Фабрика Карпош.

Атриа ќе биде објект во кој ќе биде внесен микро еко-систем со внесување на зеленило во самата зграда. Средишните простори ќе бидат отворени со атриум и ќе имаат стаклен кров како извор на природна светлина. Објектот ќе биде збогатен со зелени градини по целата висина на внатрешниот простор, кои ќе му дадат една убава форма, а на станарите ќе им дадат чувство на живот во природа. Овие зелени градини се предвидени за заедничка употреба со што ќе го подобрат социјалниот живот во објектот.

Во Атриа како дел од Александрија, ќе има 70 одделни единици од кои дел од приземјето ќе бидат наменети за деловен простор, а остатокот за приватни станови, распределени на приземје, 6 ката и поткровје. Изградбата  на Атриа започна кон крајот на мај, а се очекува да биде готова кон крајот на 2019 година. Заедно со новата зграда започнуваат со изградба и пристапните улици, како и партерното и хортикултурно уредување на првите 4 згради, а предвидено е да се заврши кон крајот на летото.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМини ранците се апсолутен моден хит!
Следна објаваFour Seasons Resort Maldives е едно од најубавите одмаралишта на светот!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР