Клучен моден детаљ веќе неколку сезони е мини чантата, која ги собира сите потребни работи. А мини чантите во форма на ранец се апсолутен моден хит. 

Речиси да нема поголема дизајнерска модна куќа која не ги прикажа своите фаворити. Модната куќа Chloe, неодамна го претстави кожниот мини ранецот Faye во два нијанси – сина и нежна розова.

Сината верзија има преклоп од еленска кожа од предната страна и доаѓа во светло сина нијанса, додека ранецот “Blush Pink” е целосно изработен од мазна кожа и има прилагодливи ремени за на рамо.

Двата модели имаат магнетско затворање, златно печатење на брендот и голема алка  со ланец како заштитен знак. Цената на овие ранци е околу 1.600 долари.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваLovebox е дрвена кутија полна со дигитални љубовни пораки!
Следна објаваАтриа – нов и повисок стандард на домување
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР