Lovebox е дрвена кутија полна со дигитални љубовни пораки …
Иако на прв поглед тоа може да изгледа како обичен моден додаток, кутијата Lovebox во себе крие вистинска магија.
За сите оние кои живеат далеку од саканите, семејствата и пријателите, а сакаат да им покажат колку многу ги сакаат и размислуваат за нив, Lovebox е паметна мала кутија која ја шири љубовта каде и да се наоѓа.
Оваа слатка кутија содржи екран и софтвер кој е поврзан со мобилна апликација, преку која ја испраќате вашата љубовна порака.
Во моментот кога пораката пристигнува на “адресата” на личноста која исто така поседува Lovebox, срцето на надворешната страна на кутијата ќе почне да ротира додека не се отвори капакот, а кога ќе го отворите, веднаш може да ја прочитате пораката исполнета со љубов.
Lovebox е совршен подарок за родителите или бабите и дедовците кои живеат далеку, особено за оние кои се уште не се префрлиле на технологијата на паметни телефони.