Дозволете да Ви ги претставиме победниците на нашиот неделен  фото натпревар на Instagram!

Зорица Петкоска

Image may contain: 1 person

Зорица Петкоска работи за јапонско списание во Токио и често во самиот склоп на работата таа ги искористува своите професионални фотографски способности. Најголем предизвик да фотографира на Зорица и е магичниот склоп на луѓето и уметноста од која не може да се избега, архитектурата.

„Оваа фотографија е направена на Санџа Мацури, еден од трите најголеми народни
фестивали во Токио. Овие фестивали се поврзани со Шинто религијата и се големи прослави на кои се чествуваат боговите, се танцува и се пее. Јас работно правев репортажа од утро до мрак на еден дел од организаторите за тоа како се подготвуваат за фестивалот, што прават, како се облекуваат и слично. Благодарение на уредничката на таа рубрика, Марико, ги запознав нејзините роднини на фотографијата кои ми позираа за да имам фотографија од типична традиционална машка и женска
фестивалска облека. Нивната ќеркичка, Чихиро, ѕиркаше љубопитно од страна и
тогаш спонтано решив да ја има и неа на фотографиите. Одеднаш се сетив како да
ја фатам целата нејзина енергија и ентузијазам, па ја замолив да скока, а јас апаратот го наместив на burst. Фотографијата е направена со Samsung NX 3000, на денска светлина и воопшто не е едитирана, фотографирана е директно во црно-бело.“

Со Зорица можете да контактирате преку нејзиниот Инстаграм или e-mail. zorica.petkoska@yahoo.co.uk

Image may contain: 3 people, people standing

Симона Галазова

Image may contain: 1 person, close-up

Симона Галазова е аматер – фотографка, која се стреми кон професионализам, а главен извор и предизвик за фотографијата е архитектурата.

Победничката фотографија е направена на пат за Стокхолм со мобилен телефон, а е едитирана со VSCO.

Симона можете да ја контактирате преку нејзиниот e-mail, s.galazova@gmail.com или нејзиниот Instagram профил.
Image may contain: night, sky, ocean, text, outdoor, water and nature

Јована Кочуловска

СПОДЕЛИ
Претходна објаваХороскоп за ден 31.05.2018 година!
Следна објаваИталијански луксузен бренд со пристапни цени!
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР