Ви предлагаме психолошки вежби за подобрување на расположението
Сите сме понекогаш лошо расположени, но за тоа постои брзо и ефикасно решение.

Ако ве пратат негативните мисли, пробајте ги овие 4 вежби:

Контролирајте ги своите мисли
Можеби ќе ве изненади, но вашиот мозок не ви помага кога ви е потребно добро расположение. Ако се чувствувате непријатно, вашиот мозок се обидува да го активира центарот “награда”. Чувствата како што се гордост, срам и вина го активираат истиот дел од мозокот. Ова објаснува зошто толку лесно чувствувате вина.

Што можете да направите за да го избегнете ова? Најдобро е да се запрашате: “За што сум благодарна?” Еден од најмоќните ефекти на благодарноста е зголемување на лачењето на серотонинот. Кога размислувате за работите за кои сте благодарни, вие сте “принудени” да се фокусирате на позитивните аспекти од вашиот живот.

Дефинирајте ги своите емоции
Ако се чувствувате лошо, обидете се да се запрашате: “Зошто се чувствувам лошо и што точно чувствувам?” Истражувањата покажаа дека со дефинирање на своите  чувства влијаете на нивното “исчезнување”. За да престанете да бидете во лошо расположение, користете само неколку зборови за да ги опишете вашите емоции и веднаш ќе се чувствувате подобро.

Сфатете дека не сте совршени, и никој не е!
Најчеста причина за загриженост и вознемиреност е чувството дека не сме совршени. Во оваа ситуација од клучно значење е да заборавите на идеалите и да прифатите дека сте доволно добри. Кога се обидувате да бидете најдобри, вклучувате премногу емоции во процесот на донесување одлуки.

Од друга страна, кога сакате да станете доволно добри, ќе почувствувате дека имате поголема контрола врз настаните. Донесување на одлуки вклучува создавање намера и поставување цели, а овие работи ја намалуваат анксиозноста. Донесувањето на одлуки го менува вашиот поглед на светот и ви помага да пронајдете решенија за вашите проблеми.

Верувајте во моќта на допирот
Прегратката, посебно долгата, го намалува нивото на анксиозност. Држењето за раце и ракувањето го имаат истиот ефект – предизвикуваат лачење на хормонот окситоцин кој ве прави среќни.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеделен хороскоп од 21.05. – 27.05.2018 година!
Следна објаваГолем спортски хепенинг – „3х3“ баскет турнир и многу забава на едно место
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР