Либрето: Нијаз Алиспахиќ
Диригент: Нада Матошевиќ Орешковиќ
Режисер: Озрен Прохиќ
Костимограф: Вања Поповиќ
Сценограф: Вања Поповиќ и Озрен Прохиќ
Кореографија и сценски движења: Белма Чечо Бакрач
Диригент на хор: Данијел Жонтар
Светло дизајн: Моамер Шаковиќ
Видео дизајн: PAL – e
Асс. композитор: Тони Топлан
Асс. режисер – инспициент: Гордан Симиќ
Улоги:
Хусеин – Капетан Градашчевиќ: Иван Шариќ
Султан Махмуд II: Леонардо Шариќ
Госпоѓа Мелеќ, мајка на Хусеин: Катарина Кикиќ
Госпоѓа Ханифа, жена на Хусеин: Адема Пљевљак
Осман– Паша, постариот брат на Хусеин: Амир Сарачевиќ
Госпоѓа Саида, жена на Осман: Дајана Шегвиќ
Фра Илија Старчевиќ: Синиша Маркановиќ
Хер Апел: Кенан Хасиќ
Клучарот Кара – Заим Попара: Јосип Катавиќ
Али – паша Ризванбеговиќ: Драган Павловиќ
Смаил-ага Ченигиќ: Марко Калајановиќ
Али-паша Фидахиќ: Илеш Бечеи
Пехливан: Изудин Бајровиќ
Соло: Дениза Џипа
Мула Мустафа: Мухамед Јамаковиќ
Стражари: Нарцис Шеховиќ, Шефко Шаботиќ
Народ, војска: Хорот на Народен театар Сараево
Дете: Надин Џипа
Корепетирори: Даниел Жонтар, Ненад Тешиќ, Аида Јажиќ и Фуад Шетиќ
Суфлер: Марина Поточник
Хорот на операта на Народен театар Сараево и оркестарот на Сараевската филхармонија
Синопсис
„Змејот од Босна“ е интимна приказна за Хусеин Градашчевиќ (31 август 1802-17 август 1834), отоманско босански, потоа независен бошњачки воен командант, кој подоцна го води бунтот против отоманската влада, барајќи автономија за Босна. Роден во благородничко семејство на босански муслимани, Градашчевиќ станал капетан на Градачац во раните 1820-ти години, симнувајќи ги од позицијата и своите роднини. Израснал опкружен со политичка клима на превирања во западниот дел на Отоманската империја. Заради своите решителни ставови го добил прекарот „Змеј од Босна“ и станал народен херој и еден од најпочитуваните фигури во историјата на Босна и Херцеговина.
I чин
Триесеттите години на 19. век. Во босанското гратче Градачац владее младиот и моќен капетан Хусеин-бег Градашчевиќ. Времето на сечење на непослушните босански глави е минато, но напнатоста и незадоволството сè уште се присутни. Турската Империја е ослабната, а нејзините европски поседи (Босна) се во фокусот на интересот на големите сили. Султанот Махмуд II и Високата Порта прават сè за да ја сочуваат некогашната моќ, преку воведување радикални реформи кои не ја заобиколуваат ниту Босна, „султановиот најмил посед“. Бунтот во Босна сè уште тлее и во оваа бурна историска секвенца, избувнува широко движење, предводено од најмладиот и најмоќен капетан, Хусеин-бег Градашчевиќ. Почнуваат судири меѓу Босанците и османлиската армија, крунисани со величествената победа на Косово Поле, по што капетанот Хусеин се враќа со својата армија во Босна. Градашчевиќ се прогласува за везир на Босна и се сели од својот роден Градачац во везирскиот град Тревник, каде што го започнува своето владеење со слободна и автономна Босна. Султанот Махмуд II не може да се помири со поразот и развојот на настаните во Босна. Се подготвува за нов воен поход и го задолжува ревносниот Решид-паша да ги смири и да ги вразуми Босанците и да воведе ред во земјата, како и да ги спроведе заробените водачи во Истанбул. Истовремено, тој го испраќа Осман-паша Градашчевиќ, постариот брат на Хусеин, во мировна мисија, која завршува како целосен неуспех. Залудни се дури и преколнувањата од неговата мајка Мелеќ-анама да се вразуми и да му се покори на султанот. Го предаваат и ајаните и капетаните од Херцеговина, и во одлучната битка на Сараевско Поле се борат на страната на османлиите. Тоа води до целосен пораз на армијата на капетанот Хусеин. Тој со семејството и најблиските соработници се засолнува во родниот Градачац, а потоа преку реката Сава бега во Осиек, на територијата на австроунгарската монархија.
II чин
Хусеин-бег ги минува тешките денови на прогонство во Осиек. Преку својот пријател, отецот Илија Старчевиќ, се обидува да добие прием кај кралот Фердинанд во обид ја разреши својата и судбината на своите пријатели, но попусто. Конечно, г. Апел, аѓутант на генералот Радошевиќ, пристигнува и ја носи написмено одлуката на Воениот совет во Виена, со која се наредува екстрадицијата на Хусеин-бег и неговите пријатели во Белград, а потоа во Истанбул, каде што султанот и Високата Порта ќе го одлучат статусот на заробените босанските бунтовници. Капетанот Хусеин е присилен да ја прифати оваа понижувачка одлука.
III чин
По пристигнувањето во Турција, заробениците се притворени во тврдината Трабзон на брегот на Црното Море. Тешките денови на заробеништво и неизвесност продолжуваат. Конечно пристигнува пратеникот на султанот и му соопштува на Хусеин-бег дека султанот Махмуд II ќе го прими лично. Султанот се обидува да го придобие Градашчевиќ, нудејќи му слобода за неговите пријатели, високи одликувања и удобен живот, само ако се откаже од Босна и борбата за нејзина автономија. Хусеин-бег ги одбива ласкавите понуди на султанот и е вратен во занданите на Трапезунт, каде што набргу згаснува неговиот млад живот.