Берлинската катедрала стана дом на околу 30.000 пчели

Берлинската катедрала, која привлекува многубројни туристи во главниот град на Германија, стана дом на околу 30.000 пчели благодарение на активизмот на биолозите.

Станува збор за иницијативата “Берлин зуји”, која во 2010 година ја започна биологот Корина Хелсер со нејзиниот сопруг.

Инспирирана од аматерски пчелар кој во 1980 год. формираше пчелна колонија на кровот на Париската опера, Хелсер сака да привлече внимание за проблемите на пчелите и другите инсекти, создавајќи нивни колонии на забележливи места.

“Пчелите се одлична референца за објаснувањето на сè друго. Без опрашувачи, немаме здрав екосистем”, рече таа.

Бројот на пчелите и другите опрашувачи повеќе од 10 години е во опаѓање, а експертите за тоа вината ја гледаат во повеќе фактори – инсектициди, паразити, болести, климатски промени и недостатокот на разновидна исхрана.
СПОДЕЛИ
Претходна објаваМајски оперски вечери во МОБ – Змејот од Босна на 22.05.2018!
Следна објаваЛетните романтични и женствени сетови се хит!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР