Културното наследство во трезорот на Националната галерија, дел од колекцијата, опусот на Влахо Буковац и други хрватски автори од истиот историски период, од синојка се претставени на изложбата со наслов „Влахо Буковац – ремек-дела од ризницата на Националната галерија на Македонија“, во објектот „Мала станица“.
Изложбата „Влахо Буковац – ремек-дела од ризницата на Националната галерија на Македонија“ на македонската публика и претставува дела од колекцијата на Галеријата што имаат голема историска и уметничка вредност, а кои досега не биле излагани и не се доволно познати.

Влахо Буковац (1855-1922) е основоположник и еден од главните преставници на хрватската модерна уметност. Воедно, тој е и најистакнатиот хрватски сликар од преминот на деветнаесеттиот во дваесеттиот век. Роден во Цавтат, Буковац е само еден од неколкутемина хрватски сликари што студирале на Ecole des Beaux Arts во Париз (кај прославениот Alexandre Cabanel). Тој живеел и во САД, Загреб и Прага, а имал и долги престои во Англија и во Виена. Повеќепати успешно настапил на прочуените париски салони, а учествувал со свои дела и на Првата секцесиска изложба во Виена, на Светската изложба во Париз во 1900 година, а неколкупати и на венециското Биенале (1897, 1901 и 1903). И поред тоа што учел кај големи имиња на академизмот, во подоцнежниот период од својата кариера врз Буковац влијаеле и новите генерации модерни уметници, па во неговите доцни дела може да се забележи експресионистички допир на четкичката, како и користење техника блиска до поентилизмот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеколку причини зошто пикникот е најдобра идеја!
Следна објаваХороскоп за ден 21.05.2018 година!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР