Самата помисла на змија, кај многумина од нас предизвикува непријатност …

Ако можете да се справите со студената змија над вас, што ќе ви помогне да го подмладите вашето тело и ум, тогаш ова е совршена прилика за вас. Ако не знаете за што зборуваме, тоа е змијска масажа, односно тренд кој рапидно расте и добива се повеќе следбеници.

Во моментов достапни во Wholeness Center, Њујорк, трендот на змијските масажи е токму тоа што сте го замислиле. Сесијата во траење од 60 минути е базирана на змии кои се движат по вашето тело, додека лежите мирно и уживајте во чувството што таа ви го дава. Посебен персонал постојано ве следи вас и вашата масажа, водејќи сметка змијата да не прави погрешен чекор. Покрај тоа, змиите кои се користат се добро нахранети и здрави.

Сепак, бидејќи змиите мислат со своја глава, тие никогаш не ги тераат да работат или да ве масираат. Тие всушност уживаат во топлината на човечкото тело, така да уживаат во овој процес значително повеќе од лицето кое го масираат.

Змијата ќе ги тонизира и стимулира вашите нерви, а ќе предизвика и ослободување на ендорфинот и окситоцинот, така што по оваа сесија ќе бидете целосно без стрес. Значи, ако сте заинтересирани за некој необичен спа третман, правец Њујорк!

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваХороскоп за ден 10.05.2018 година!
Следна објаваЕлегантен стан во Њујорк!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР