Луѓето отсекогаш биле фасцинирани од приказните и легендите за изгубените или напуштените градови, апсолутно заборавени или исчезнати.

Со текот на времето, истражувачите се впуштиле во далечните делови на нашиот свет со надеж дека ќе откријат такви локации. Од Елдорадо, градот на златото кој според легендата бил постојана цел на конквистадорите уште во 15 век, па се до градовите уништени од природните катастрофи, војни или социјални немири, како Атлантида.

Ние сме постојано фасцинирани од овие приказни. Историјата ни кажува приказни за многу заборавени градови и додека некои се откриени, некои се уште чекаат да бидат пронајдени – Тинис, Атил или Ганга Негара.

Втор дел…

Троја, Турција
Опишан во Хомеровата Илијада, со фокус на Тројанската војна, често пати уништуван и изгорен до темел.

Покрај тоа, Троја е име на едно археолошко наоѓалиште на наводната локација на Троја во Мала Азија, денес во северозападна Турција, во близина на брегот на морето југозападно од Дарданелите под планината Ида.

Под власта на римскиот император Август, новиот град Илиум бил изграден на местото  кое многумина го сметале за место на легендарната Илијада. Градот цветал се до основањето на Константинопол, а под Византија се распаднал.

Германскиот археолог Хајнрих Шлиман вршел ископувања во таа областа во текот на 1870-тите. Подоцна ископувањата откриле повеќе градови изградени во различни периоди. Еден од градовите (Троја VIIa) често се нарекувал како Хомеровата Троја, но тоа тврдење се уште е контроверзно. Некои тврдат дека вистинската Трој била пронајдена од британскиот археолог Френк Калверт во Анадолија во Турција во 1865 година.

Палмира, Сирија
Палмира, што значи палма, била град – врска за трговијата меѓу Персија и медитеранските пристаништа, играјќи главна улога во текот на римското царство. Кога Сасанидите го завземале регионот околу реката Тигар и Еуфрат, трговијата во таа област опаднала, а подоцна во 634 година, Палмира ја освоила Арапите, што довело до нејзино пропаѓање. Градот е повторно откриен во 17 век.

Виџајанагара, Индија
Еден од најголемите градови во светот во текот на 14 и 16 век, индискиот град Виџајанагара бил нападнат и освоен во 1565 година од страна на муслиманските кралства. Градот и неговите хиндуистички храмови биле избришани за неколку месеци, а градот никогаш не се опоравил, ниту обновил. Се наоѓа во областа Балари северно од Карнатака, а рушевините се под заштита на Светското наследство на УНЕСКО од 1986 година.

Името се преведува како “Град на победата” – иронично, кога ќе помислите  за неговата историја.

Петра, Јордан
Петра се наоѓа во денешен Јордан, а своевременово бил главен град на арапското Набатејско царство, центар на трговијата, место на караваните, а развојот на градот продолжил и во времето на Римското царство. На западниот свет му бил откриен во 1812 година, од страна на швајцарскиот истражувач Јохан Лудвиг Бурхарт. Градот е на списокот на светско наследство на УНЕСКО.

Мачу Пикчу, Перу
Мачу Пикчу е светиот град на Инките, кој се наоѓа на највисокиот дел од источните Анди, на источните падини на планинскиот венец Урубамба, на височина од 2.350 метри надморска височина. Мачу Пикчу веројатно бил изграден околу 1300 година, но останал скриен до 1911 година кога бил откриен од американецот Хајрам Бингам.

Мачу Пикчу сведочи за времето на величествената империја на Инките. По освојувањето на територијата, моќната војска на Инките изградила канали за наводнување и системи на поплочани улици, а градителите изградиле тврдини, храмови и монументални камени згради. Денес археолозите тврдат дека Мачу Пикчу не бил град во класична смисла, бидејќи не се пронајдени остатоци од бирократска администрација, трговија или воени тврдини. Најверојатно бил изграден како царски имот и религиозно светилиште или како таен церемонијален град.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕКСКЛУЗИВНО: Meghan Markle во венчален фустан од 100.000 фунти!
Следна објаваРепертоар на Драмскиот театар Скопје од 07.05 до 13.05.2018
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР