Image may contain: text

Националната галерија на Македонија одбележувањето на 70 годишнината од своето основање го започна со јубилејот 100 години од раѓањето на Борко Лазески (1917-1993), кое се случи во февруари, месец посветен на неговото творештво. Месецот март го посветивме на понежниот пол и во чест на Меѓународниот ден на жената ја реализираме изложбата под наслов „Чудесните жени од колекцијата на Националната галерија на Македонија“. Април беше обоен во сина боја, во знак на подигнување на свеста во битката со аутизмот, започна едукативната програма „Уметност за сите“ подржана од страна на Холандската амбасада. Следно е – мај во Националната галерија на Македонија. Од проектите во Програмата за месец мај е уште еден јубилеј достоен за одбележување: „100 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ИБРАХИМ КОДРА“. По тој повод Ве информираме дека на 10 МАЈ 2018 ГОДИНА (ЧЕТВРТОК) ЌЕ СЕ ОДРЖИ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ВО 11 ЧАСОТ, ВО ОБЈЕКТОТ ЧИФТЕ АМАМ. На наше големо задоволство, присуство на оваа прес конференција потврдија амбасадорот на Република Албанија, Н.Е. г-динот Фатос Река и амбасадорот на Република Италија во Македонија, Н.Е. господинот Карло Ромео.
Ве очекуваме!

No automatic alt text available.No automatic alt text available.No automatic alt text available.Image may contain: outdoor

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДуке Бојаџиев најавува неколку пријатни доживувања за публиката во Скопје
Следна објаваНајскапи базени на светот!
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР