Зарем базенот не е само огромна када полна со вода, која содржи хлор?

Ако е така, како е можно цената на базени да надминува милиони долари? Мермер, водени тобогани, мозаични плочки и други неверојатни елементи, секако, придонесуваат за нивната цена. Овој пат, ние ви презентираме пет од најскапите базени во светот, кои чинат повеќе од некои луксузни домови и станови, кои ви обезбедуваат искуство што ќе се сеќавате до крајот на вашиот живот.

5. Замокот Херст, САД
Името на овој имот звучи прекрасно и кралско, а особено ако се споменува во разговор со пријателите кои ве прашуваат каде одиш на пливање. Вашиот одговор е – Па, јас ќе одам да пливам во базен од 10 милиони долари, кој се наоѓа во мојот двор. Сепак, овој базен, односно базени, бидејќи овој имот има два базени, биле изградени околу 1924 година. Ние не сме сигурни дали тогашните десет милиони долари одговараат на денешните, но се надеваме дека е така – и сами знаете како изгледале  дваесеттите години од минатиот век, што се однесува до финансиската ситуација. Но, да се вратиме на базените. Со мермерни и мозаични плочки, овој базен е во приватна сопственост на г-дин Вилијам Рандолф Херс, чиј е и овој замок. А и MTV, ако не сте знаеле.

4. Лев Левиев Резиденс, Обединето Кралство
Овој базен е подеднакво импресивен и приватен, се разбира скап, како и претходното ремек-дело што ви го презентиравме. Лоциран во Лондон, овој базен е во сопственост на израелски бизнисмен. Лесно е да се заклучи зошто базенот чини толку многу кога го гледате и знаете дека е направен со мозаични плочки и златни елементи. Покрај тоа, овој базен е поврзан со спа дел и парна када. По цена од 10 милиони долари, ова е вистинска оаза за релаксација.

3. SeaGaia Ocean Dome, Јапонија
Оваа структура од 2 милијарди долари, ги прави претходните два базени “мизерни” и смешни кои се “само” 10 милиони долари – a до пред некоја секунда им се восхитувавме! Кога зборуваме за големи и луксузни работи, Океанската купола во Јапонија е дизајн кој заслужува восхит! Тоа е најголем затворен базен во светот, со вкупна површина од 32.800 метри квадратни. Тука се наоѓа огромен, вештачки базен со бранови, како и лажни вулкани. Исто така има и цела секција посветена на тобогани на вода, што придонесува за уживање и беспрекорна забава.

2. Сан Алфонсо, Чиле
Ова е уште еден базен во вредност од две милијарди долари. Сепак, тој го победи својот претходник, поставувајќи нов рекорд во книгата на Гинис. Изградбата на овој огромен базен траеше околу пет години, со причина. Зафаќа површина од околу 20 хектари. Најверојатно се прашувате – како го полнат овој базен со вода, како го чуваат? Па, базенот е исполнет со филтрирана морска вода, бидејќи единствено океанот е доволно голем и содржи доволно вода за таква конструкција. Длабочината на овој базен е околу четири метри.

1. Градот на ѕвездите, Египет
Ова е најскапиот базен на светот, а се наоѓа во Шарм Ел Шеик. Интересен факт – овој базен, е дело на компанијата Crystal Lagoons, која работела и на проектот што го спомнавме претходно. Со големина од 21 хектар, овој проект чини околу 5,5 милијарди долари. Исто како во Сан Алфонс, овој базен е исполнет со филтрирана морска вода. Изграден во 2009 година, овој базен ги надмина апсолутно сите креации од овој тип, кои се најскапи.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрес конференција по повод „100 години од раѓањето на Ибрахим Кодра“
Следна објаваЕКСКЛУЗИВНО: Meghan Markle во венчален фустан од 100.000 фунти!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР