Image may contain: one or more people, car, tree and outdoor

• Широки опции за полнење дома и во движење

• Опсег од над 400 километри

Производната верзија на прототипот Audi e-tron ја најавува новата ера за брендот со четирите прстени: компанијата се трансформира од класичен производител на автомобили во снабдувач на системи за мобилност кој на своите клиенти им нуди прилагодени решенија за полнење, без разлика дали се дома или во движење. Производната верзија на прототипот Audi e-tron е првиот автомобил на пазарот кој може да се полни на станиците за полнење со моќност до 150 kW. За помалку од 30 минути, електричниот SUV е подготвен да тргне на следната дестинација од своето патување. Неговата голема литиум-јонска батерија обезбедува опсег од повеќе од 400 километри.

Танцувачки светла од пулсирачките струјни напони

Во Фарадеевиот кафез на високо-напонската тест платформа на Siemens, тим на електричари и инженери во најголемиот производствен погон за расклопни уреди во светот ги истражува импулсните напони до три милиони волти. Изградена во 1958 година, параболичната сала располага со генератор на импулсни напони со големина на куќа. И прототипот Audi e-tron е во центарот на случувањето. Светлечки блесоци над покривот на автомобилот, целосно ја осветлуваат салата висока 25 метри. Овој експеримент симболизира нешто што луѓето сонувале илјадници години: да се фати молњата и да се искористи нејзината енергија. Дури и денес, не може да се користи молња за полнење на електричен автомобил, но инженерите дојдоа чекор понапред до реализација на визијата за молскавично брзо полнење на возилата. Производната верзија на прототипот Audi e-tron е првиот автомобил на пазарот кој може да се полни до 150 kW.

Полнење на батериите преку високо-напонски станици со моќност до 150 kW

На станиците за полнење со голема моќност, кои го користат европскиот стандард за комбинирано полнење (CCS), прототипот на Audi e-tron е подготвен да тргне кон следната дестинација од своето патување за помалку од 30 минути, штпо претставува клучна карактеристика зад овој софистициран систем за термичко управување за литиум-јонската батерија. Лоциран во подот на возилото, тој складира 95 kWh енергија за да обезбеди опсег од над 400 километри. SUV пропорциите на ова возило го прават одлично во секојдневната употреба.

Image may contain: car and outdoor

Image may contain: one or more people and outdoor

Image may contain: car and outdoorNo automatic alt text available.Image may contain: one or more people, car and outdoor

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР