Занаетчиската комора Скопје во соработка со Скопје Сити Мол, по четврт пат го организираат настанот „Денови на филигранство и накит“, со кој сакаат да се даде поддршка на зачувувањето на културната традицијата но и да им дадат можност на занаетчиите да се престават во современ продажен објект и да се понудат на поголем пазар.

Овој викенд од 4ти до 6ти мај на приземјето во Скопје Сити Мол ќе се одржи базарот, на кој ќе биде претставен и промовиран филигранскиот занает и уникатниот накит кој претставува дел од македонската традиција.

Филигранскиот накит е спој на филигранските техники и вештини и дизајнот, спој на традиционалното и современото – уметничко дело кое ја отсликува нашата култура.

На „Денови на филигранство и накит“ ќе се презентираат многубројни изработувачи на накит од филигран, накит од монистра, полускапоцени и скапоцени камења, оргонит. Целта на настанот e на едно место да се презентира уметноста, креативноста, дизајнот и умешноста на вредните раце на ракотворците што ја испреплетиле традицијата, културата на живеење со современото и модерно живеење и создале нешто единствено и вредно. Филигранскиот накит претставува уникатен и прекрасен украсен објект кој го одзема здивот и е вистинска скапоцена глетка.

Во рамките на тридневниот настан „Денови на филигранство и накит“, заинтересираните посетители ќе имаат ексклузивна можност на самото место да видат како се изработува филигранот и да дознаат дел од тајните на овој познат и тежок занает. Оваа промоција е прекрасен начин да се сочува традицијата и културата споена со модниот дизајн. За да се искуси моќта на кое било занаетчиство и да се допре, види и почувствува дизајнот, занаетот мора да му даде постоење, изведба и реализација на дизајнот, па токму и затоа тие не можат еден без друг.

Според организаторите, со тек на времето се губат традиционалните културни вредности меѓу кои се вбројува и филигранот, но бидејќи од минатото не може да се живее, потребно е насочување и фокусирање кон иднината, за да се спојат со современото живеење и за да се создадат нови вредни и уникатни производи кои ќе влезат во креативната индустрија во земјата, но и во странство.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТоп 3 #DivianArts инстаграм фотографии за оваа недела!
Следна објаваПод висок напон: Прототипот Audi e-tron во Фарадеев кафез
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР