Луѓето отсекогаш биле фасцинирани од приказните и легендите за изгубените или напуштените градови, апсолутно заборавени или исчезнати.

Со текот на времето, истражувачите се впуштиле во далечните делови на нашиот свет со надеж дека ќе откријат такви локации. Од Елдорадо, градот на златото кој според легендата бил постојана цел на конквистадорите уште во 15 век, па се до градовите уништени од природните катастрофи, војни или социјални немири, како Атлантида.

Ние сме постојано фасцинирани од овие приказни. Историјата ни кажува приказни за многу заборавени градови и додека некои се откриени, некои се уште чекаат да бидат пронајдени – Тинис, Атил или Ганга Негара.

Ајде да ја погледнеме на листата на 10-те  најубави пронајдени древни градови …

Денес ќе ви претставиме 5, а утре во вториот дел останатите 5 пронајдени градови …

Санчи Ступа, Индија
Санчи е најстарата камена структура пронајдена во Индија. Со векови вил центар на будизмот во Индија, а потоа храмот бил напуштен. Сепак, тој бил откриен во 1881 година од еден британски војник. Храмот бил изграден по наредбата на царот Ашока Велики околу 3 век од н.е. Иако храмот бил нарачан од царот, неговата сопруга Деви, всушност ја надгледувала изградбата. Храмот е сеуште најголемиот будистички центар во Индија.

Персеполис, Иран
Персеполис бил главен град на Ахменидската империја, 60 км североисточно од Шираз во Иран, и тоа е исто така дом на последните остатоци од архитектонскиот стил на Ахменидскота империја. Тој е под заштита на Светското наследство на УНЕСКО од 1979 година, а историјата на ова место нè враќа до 515 година п.н.е. кога бил изграден од персискиот владетел Дариј I. Во почетокот бил главен град на Персија, а потоа и и провинција на македонската империја. Градот го открил францускиот археолог Андре Годар во 1930-тите.

 Мемфис, Египет
Мемфис е древна престолнина на Долниот Египет и Старото Кралство од неговото основање до околу 1300 година.п. н. e. Неговото египетско име било Инеб Хеџ – “Бели ѕидови”. Името Мемфис било изведено од грчкото име за пирамидата Man-nefer, изградена од фараонот Пепи I. Имал стратешка позиција, бидејќи бил лоциран во делтата на Нил.

Вавилон, Ирак
Главниот град на Вавилонија, Вавилон, се наоѓал на реката Еуфрат и помеѓу 1770 и 1670 п.н.е. тој бил најголемиот град на светот. Во периодот од 612 до 320 година п.н.е., имал население од околу 200.000 жители.

Името доаѓа од акадскиот збор на Бабилу, што значи “портата на Бога”, што било  превод на сумерското име Kadingirr.

Градот првпат се споменува на плочката на Саргон Акадски од 24-тиот век п.н.е., кога Саргон Акадски го направил градот центар на својата држава. Моќта и популацијата паднале во текот на наредните неколку векови, а градот бил прилично не важен додека не станал главен град на монархијата Хамураби во 18 век п.н.е.. Оттогаш, градот бил главен град на Вавилонија, иако бил наречен Карандуниас за време на владеењето на Касит.

Калакмул, Мексико
Еден од најголемите градови на Мајанската цивилизацијата, Калакмул, го открил Цирус Лундел во 1931 година, длабоко во џунглата на регионот Петен Басен, во државата Кампече, Мексико. Археолозите проценуваат дека имал околу 50.000 жители и вкупно 6.750 структури, од кои некои се најголемите пирамиди на Маја. Монументалната архитектура на градот, го направила неговото откритие едно од најважните откритија во регионот, кое било обележано на листата на светското наследство во 2002 година од страна на УНЕСКО.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваLily Aldridge во жешка кампања на BVLGARI!
Следна објава16та Меѓународна архитектонска изложба la Biennale di Venezia 2018
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР