Титулата најскап град во светот, по петти пат и припадна на истата дестинација …

Се разбира, тоа е Сингапур, а блиску го следат Париз, Цирих и Хонг Конг, според најновите истражувања.

Ова истражување се спроведува на секои две години. Овој пат, Сиднеј ја доби десеттата позиција, додека Лондон по повеќе од две децении ја доби најлошата позиција, односно се најде на триесеттото место на листата, бидејќи е речиси 30 отсто поевтин од Париз.

Од друга страна, силното евро и слабата фунта му овозможија на Даблин да го претекне Лондон и да стигне на деветнаесеттото место. Поради политиката на Брегзит и економската несигурност, британските градови се поевтини од било кога досега.

Њујорк и Лос Ангелес се на тринаесеттото и четиринаесеттото место, а ниеден град од  САД не се најде во топ 10. Токио исто така, не е во топ 10 на листата, заради постојаната ниска инфлација, што е невообичаено ако се има предвид дека тој беше најскапиот град во светот до 2013 година, кога Сингапур, Хонг Конг (четврто) и Сеул (шесто место заедно со Женева) доживеаја бум.

На самото дно на листата на 10-те најскапи градови во светот се најдоа Њу Делхи, Букурешт и во Алжир, додека генерално најевтин е градот Дамаск, бидејќи е уништен од војната.

Листата на топ 10 изгледа вака:

1 Сингапур

2 Париз

3. Цирих

4. Хонг Конг

5. Осло

6. Женева

7. Сеул

8. Копенхаген

9. Тел Авив

10. Сиднеј

  СИНГАПУР
СПОДЕЛИ
Претходна објаваСупер моделот Bellа Hadid во рекламна кампања за Chrome Hearts!
Следна објаваХороскоп за ден 28.04.2018 година!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР