Со задоволство ве известуваме дека вечерва со проекциите на филмовите „Самит“, „Диви момчиња“ и „Пеперутки“ завршува 21.издание на Скопје филм фестивал.

Image may contain: 1 person, smiling, standing and indoor

И на ова успешно издание на публиката ѝ донесовме богата и разновидна програма: повеќе од 50 нови филмови, од кои голем број биле дел од големите светски фестивали или го свртеле вниманието на критиката со иновативниот израз и авторски пристап. Тие беа распоредени во програмите Фокус на француски филм, Програма на авторски филм, Програма на европски филм, Панорама на светски филм, Квир фокус, Кратки филмови, Македонска продукција и Ретроспектива на Алфред Хичкок, работилници, гостувања на нови европски филмски имиња, промоции и дискусии. Селектори на програмите беа Татјана Јаневска, Навид Сарем, Владан Петковиќ и Алексеј Дмитров.

Годинава имавме две големи премиери: на новиот македонски игран филм „Година на мајмунот“ во режија на Владимир Блажевски и на документарниот филм за Шабан Трстена „Кобра“ во режија на Игор Иванов Изи.

Image may contain: 2 people, people standing, shoes and suit

Исто така, нашата публика имаше прилика да ја види скопската премиера на краткометражниот филм „Види ја ти неа“ што победи на престижниот фестивал Санденс, на режисерот Горан Столевски, како и уште неколку премиери на кратки македонски филмови на режисерите Милиана Ленак, Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов, Батухан Ибрахим и Ханис Багашов. Исто така беа прикажани и филмовите „Последните камбани“ на Николче Поповски и „Македонскиот Дон Кихот“ на Константин Плевнеш.

Оваа година имавме и поголем број гости, од Турција дојдоа режисерот Мајкл Ондер, Јосеф Еревчик Амадо, продуцент, актерите Кенан Ече, Дамла Сонмез, Берк Хакман, Емре Јетим и Незих Чихан, од Франција гостуваа селекторот Навид Сарем, кој ги избра филмовите од програмата Фокус на францускиот филм, режисерите Леа Мисиус и Кристоф Режин и продуцентката Фани Ивоне. Тие одржаа работилници и одговараа на прашања на публиката.

Image may contain: one or more people, people standing and indoor

Од оваа година, Скопје филм фестивал започна со реализација на новата програма „Квир фокус“ во која беа прикажани филмови што одбиваат да бидат невидливи и што смело прераскажуваат приказни што креираат еден нов културен простор.. Селектор на оваа програма беше Александар Ковачевски.

Image may contain: 16 people, crowd and indoor

Во рамки на оваа програма се одржа и промоција на книгата „За засрамените геј мажи“ и предавање и дискусија со Станимир Панајотов и Жоао Флоренсио за квир кинематографијата.

Image may contain: 3 people

Во рамки на годинашново издание на Скопски филмски фестивал во се одржа работилница за снимање на нискобуџетен филм со режисерот на „Таксим холден“, Мајкл Ондер и продуцентот на филмот, Јосеф Еревчик Амадо.

Работилница „Како се пишува, режира и продуцира прв игран филм“ одржаа француските режисери Леа Мисиус и Кристоф Режин и продуцентката Фани Ивоне.

Скопје филм фестивал за својата публика подготви ретроспектива на големиот Алфред Хичкок во чии рамки беа прикажани филмовите „Туѓинци во возот“, „Ребека“, „Заден прозорец“, „Психо“ и „Птици“.

Им благодариме на Агенцијата за филм на Република Македонија, на нашите помагатели, на медиумските спонзори, на кината „Милениум“ и „Фросина“, на Кинотека на Македонија, на ЕСРА и најмногу на нашата публика со која ќе се видиме и на следното издание на фестивалот.

Image may contain: 6 people, people sitting, suit and indoor

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР