Филмот „Исцелител“ ќе ја има својата иранска премиера на 36-тото издание на меѓународниот филмски фестивал – „Фајр“ во Техеран.


Меѓународниот фестивал во Техеран е најзначајниот филмски настан во земјата. Во изминатите 35 години тој игра витална улога во развојот на иранската кинематографија. Фестивалот особено внимание посветува на филмови кои се борат за правда на загрозените и го потенцираат значењето на човечките и моралните вредности.
Фестивалот се одржува од 19-ти до 27-ми април а „Исцелител“ ќе има три проекции за време на фестивалските денови. Некои од значајните личности на кои им е оддадено признание на фестивалот „Фајр“ се браќата Дарден, Андреј Звигањцев, Нури Билге Џејлан и други. Оваа година директор на фестивалот кој се одржува во срцето на Техеран е познатиот ирански режисер Реза Миркарими, а член на жирито е македонскиот режисер Милчо Манчевски.
„Исцелител“ ќе се прикажува во програмата „најдоброто од светското кино“ заедно со уште 10 други филма, меѓу кои и германскиот „A Ciambra“, добитник на награда во Кан, ирскиот „Песна за Гранит„ добитник на награда во Карлови Вари, шпанскиот „Роса Чумбе“ добитник на награда во Монтреал и други.
Ова е прво кино прикажување во Иран за „Исцелител“.
Изминатите денови филмот „Исцелител“ ја освои наградата за најдобар прв филм на „Let’s CEE“ во Виена, имаше премиерно прикажување на престижниот фестивал во Пекинг и две прикажувања во САД, на филмските фестивали во Минеаполис и Кливленд.
Повеќе податоци за учеството на филмот на меѓународниот фестивал во Техеран има на следниот линк.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР