• Целосно новиот Ford Focus е семеен автомобил со средна големина кој нуди најмногу простор досега.
  • Новата driver технологија им помага и олеснува на возачите при возењето и застанувањето во сообраќајот, да гледаат појасно во мракот, да паркираат со помош на копче и да избегнуваат несреќи.
  • Новиот Focus е забавен за возење и нуди најголем комфор досега, нови режими на возење и напредни технологии на суспензија.
  • Опциите за поврзување и забава вклучуваат FordPass Connect модем, безжично полнење, гласовно активирање SYNC 3 со екран осетлив на допир и B & O PLAY аудио.

 Новиот Ford Focus ја користи новата Ford C2 платформа, која овозможува повеќе простор во внатрешноста, подобра сигурност во случај на сообраќајна несреќа, како и подобра аеродинамика која резултира со помала потрошувачка на гориво. Меѓуоскиното растојание е продолжено за 53 мм. што директно резултираше со зголемување на просторот во внатрешноста. Освен што е убав на изглед и има нов стил, елегантната каросерија на Focus е оптимизирана со цел да се подобри аеродинамиката, а Ford го намали коефициентот на отпор на воздухот на 0,250 за седан и 0,273 за хечбек верзијата. Ова се најдобри бројки во класата, а намалувањето на тежината за 88 кг. доведе до намалување на потрошувачката на гориво и намалување на емисијата на CO2 за 10%.

Во новиот Focus не изостанува и напредната технологија, а помеѓу останатото поседува адаптивен темпомат со stop-and-go функција, систем кој го држи растојанието во однос на возилото пред нас, а тука е и подобрениот систем за осветлување со автоматско прилагодување. Системот овозможува светлата да се прилагодат пред возилото да влезе во кривина, се доближи до раскрсница или кружен тек. Наместо само да се потпира на движењето на воланот од страна на возачот, Lane-Centring системот користи и предна камера за следење на линијата во кои автомобилот се наоѓа до 65 метри пред него. Speed Sign Recognition системот пак внимава на брзината со која што се движи автомобилот и знаците за дозволена максимална брзина.

Focus изненадува и со head-up дисплеј, подобрен активен систем при паркирање кој овозможува на возачот да притисне копче за да се изврши паралелно паркирање, а тука се и системите за детекција на пешаци и велосипедисти, за следење на возилото во слеп агол, системот за предупредување на сообраќај од страна, камера за помош при движење назад, систем на кочење по судир, систем за предупредување на движење во обратна насока, како и систем за избегнување на возила кои се наоѓаат пред нас доколку постои можност за судир.

FordPass Connect им овозможува на возачите да извршуваат различни функции по пат на smart телефонот, како што е лоцирање на возилото, проверка на статусот за масло, гориво и заклучување на вратите, далечинско палење на моторот на возилото (само за моделите со автоматски менувач) и друго.

Focus ја поседува и технологијата за безжично полнење на уреди, а тука е и екранот на допир. Моделот го користи системот Ford Sync 2 кој што е компатибилен со системите Android Auto и Apple CarPlay. Гласовните команди се можни за бројни функции вклучувајќи контрола на звукот, климата, навигацијата и слично. Достапен е и B&O Play системот за звук од 675 W со десет звучници и субвуфер.

„Focus е нашиот главен модел за Европа веќе две децении. Целосниот пакет со дизајн, технологија и уживање во возењето е карактеристиката која што нашите клиенти ја сакаат кај Ford, рече Стивен Армстронг, потпретседател na Ford за Европа, Среден Исток и Африка кој додава – Со семејството на возила со средна големина, една од петте продажби во Европа и припаѓа на Focus кој останува важен дел на компанијата во понудата за клиентите.

Новиот Focus доаѓа со двата бензински мотори EcoBoost со сила од 85 КС и 182 КС и

дизел моторите EcoBlue со сила од 95 КС и 150.

Во Европа Ford ќе понуди три каросериски изведби и тоа седан, хечбек и кабриолет, со crossover Focus Active и Focus Vignale.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛуксузен Resort Es Esadi – Marrakech!
Следна објава Red Valentino – колекција пролет/лето 2018 година!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР