Трендови во внатрешниот дизајн инспирирани од вашите патувањата …

Дизајнирате го домот инспирирани од разните патувања …

Медитеранска сина – Со овој безвременски стил ќе сонувате како да пловите по океанот. Овој стил предизвикува чувство на релаксација, а се карактеризира со ладна и минимална, но исто така и шарена палета на бои. Прекрасни плочки со убави дезени, веќе долго го означуваат овој стил, како и природни ткаенини и текстури, бела постелнина, масивен мебел од дрво и теракотни подови.

 

 

Рустикален комфор  – стилот на рурален комфор е дефиниран со максималистичка  естетика. Овој стил е познат по користењето на природни материјали, дебело и издржливо дрво како и груби материјали како камените подови. Сето ова помага да се создаде топла и пријатна атмосфера. Во селската куќа ништо не ви пречи – сè е малку оштетено од временските услови, но исто така внимателно избрано и поставено на свое место поради романтичните и носталгични карактеристики.

Јапонски Зен – Јапонските ентериери се познати по својата форма и функционалност. Иако овој стил првично беше доминиран од сиромашната естетика на Будизмот, Јапонскиот Зен е познат по промисленото користење на просторот, при што секој предмет има некоја цел. Во јапонските ентериери, важи правилото “помалку е повеќе”  со очигледно неутрални нијанси на бои прекинати со прави линии и нагласени  и добро уредени градини.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСовршен дом во Мексико
Следна објаваПролет со модни додатоци од Marc Jacobs!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР