Македонскиот филм „Исцелител“ е избран во официјална конкуренција на меѓународниот филмски фестивал во Кливленд во Соединетите Американски Држави. Филмот ќе се прикажува во програмата во чиј фокус се филмови од Централна и Источна Европа.

Image may contain: 1 person, indoor

Ова е 42-ро издание на меѓународниот фестивал во Кливленд (CIFF). Оваа година мотото на фестивалот е „прегрни ја љубопитноста“. Фестивалот нуди уникатна можност гледачите и учесниците да откриваат други култури и идеи кои предизвикуваат а можеби и можат да го сменат начинот на кој го восприемаме и се однесуваме со светот околу нас. Селекторите на филмови на фестивалот освен на квалитетот на кинематографското дело, особено внимание посветуват и на темата на филмовите кои најчесто се фокусирани на социјалната правда и активизам.

Image may contain: 8 people, people standing and outdoor

Во текот на единаесетте фестивалски денови ќе се прикажат отприлика 200 долгометражни и 200 кратки филмови од 72 различни земји од целиот свет, а ќе присустваат и 300 филмски професионалци. Минатата година фестивалот го посетиле повеќе од 100.000 гледачи.

Image may contain: 1 person

„Исцелител“ ќе се прикажува во конкуренција заедно со уште 14 други европски остварувања, едни од најуспешните изминатата година. Меѓу нив се: добитникот на награда во Карлови вари, босанскиот „Мажите не плачат“, добитникот на сребрена мечка, романскиот „Ана, љубов моја“, добитникот на награда за најдобар актер во Карлови Вари, рускиот „Аритмија“, добитникот на награда за најдобар филм во Трст, словенскиот „Рудар“, учесникот на кански фестивал, бугарско македонската копродукција „Насоки“ и други.

Image may contain: 2 people, people sitting and outdoor

Ова е второ прикажување на „Исцелител“ во Соединетите Американски Држави. На премиерното прикажување на фестивалот во Санта Барбара, Калифорнија во февруари, филмот ја освои наградата за најдобар филм.

Повеќе информации за учеството на филмот на фестивалот во Кливленд има на следниот линк!

Image may contain: 1 person, standing

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР