Македонската дизајнерка Душица Петит која живее и работи во Париз каде што веднаш по дипломирањето на одделот за висока мода на Есмод почна да го развива сопствениот бренд „Шалева“ со кој се претстави на минатото издание на Моден викенд-Скопје. Од досегашното креирање и последната колекција „Француска eлеганција“, може да се забележи прецизната рачна изработка на моделите и елементи карактеристични за високата мода, но во моментов e преокупирана со создавање на првата prêt-a-porter колекција. За таа цел, како и повеќето млади дизајнери, се одлучи на crowdfunding системот, односно финансирање преку одреден сервис со цел комплетирање на проектот.

Image may contain: 1 person, sitting

Веќе неколку месеци работам на мојата прва prêt-a-porter колекција под брендот „Шалева“ и проектот ми е валиден на еден сајт за партитативно финансирање. На линкот на Ulule може да го погледнете проектот и ако сте во можност и да ја поддржите колекцијата. Неколку креации се ставени на претпродажба со пониски цени од оние кога ќе бидат лансирани како колекција, а кој сака може да го поддржи проектот без купување на креација. Минималниот износ за поддршка е 5 евра – ни oбјасни Душица.

Image may contain: 1 person, standing
Петит e во моментов во Париз и ја креира својата prêt-a-porter колекција.
На сајтот за финансирање може да ги погледнете скиците со моделите од колекцијата наречена Watch Me, а неколку прототипи дизајнерката веќе ги фотографираше. Колекцијата е црно-бела графичка игра со оп-арт елементи, а ќе бидат користени луксузни материјали спрецијално специјално изработени и испечатени за оваа цел. Дизајнерката порачува дека креациите може да ги носат и машките.

Проектот на Ulule е валиден до 19 април.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУметност во новата кампања на Louis Vuitton!
Следна објава„Исцелител“ повторно на филмски фестивал во Америка
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР