Кога имаме мал простор, тоа не значи дека треба да го преполниме со мебел во мали димензии …

Еден од современите пристапи за декорирање на малите простори е да се мисли на големо, што е, иако можеби не верувате, всушност вистина. Изборот на таквите предмети не значи затворање на просторот, туку спротивно, ќе изгледа со многу повеќе простор, токму заради тие неколку парчиња со големи димензии.

Купете големи предмети
Купете голема софа, отоман, лустер или таванското осветлување, маса или друго парче, кое планирате да го внесете во сопствениот ентериер. Ако сте одбрале премногу предмети, намалете го нивниот број, само на најпотребните. Нека вашиот приоритет биде големината на собата, без разлика дали треба да има ТВ, големи саксии или слично. Кога случајот е спротивен и сметате дека бројот на вашата декорација и мебел е со премногу мали предмети, определете се за ѕидните единици на полици и елементите за складирање на работи. Светилките, особено оние за спалната соба, исто така, може да се монтираат на ѕид.

Додајте вградени компоненти
Одберете ги вградените компоненти, од парчиња за чување предмети до кревети и седишта. Кога станува збор за спалната, можете да нарачате мобилни единици со вграден кревет и фиоки. Ако тоа е ниша за оброк, можете да се обидете со вградени клупи или отомани во комбинација со практични оставински единици. Вградените компоненти можат да се комбинираат со големи парчиња или можат во себе да содржат некоја друга функција, на пример, простор за складирање на нештата.

Огледалото е совршен додаток во малите простори, бидејќи не само што го носи гламурозниот и шик изглед во просторот, туку и ја рефлектира светлината и го полни просторот со неа. Плус визуелно го дуплира просторот и го прави поголем. Поради оваа причина, подобро е да се одберат поголеми огледала или дури и целиот ѕид во рефлектирачките стакла, ако тоа е можно.

Големите уметнички дела го претставуваат вистинскиот тренд, а нивното вклучување во мал простор претставува совршена идеја. Овој потег ќе го направи вашиот простор да изгледа поголем и остава долготраен впечаток кај секој набљудувач.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТренд: Миди здолништа!
Следна објаваВо Кино Култура на 2-ри април – Можна ли е уметност без пари!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР