Компанијата 6th Sense Interiors неодамна заврши неверојатен проект и конечно, со голем аудиториум ги сподели впечатоците и идеите скриени зад дизајнот …

За двата дизајнера кои го создадоа брендот 6th Sense и сите бројни уметници и експерти со кои соработуваат, секој проект претставува нов предизвик и прилика да се создаде нешто сосема уникатно и оригинално.

Последното дело на овој тим е кафуле лоцирано во Романија, во местото Клуж-Напока, во кој целата приказна започнала.

Q Caffe е голема метафора, а ништо помалку не можеме да очекуваме од овие два талентирани дизајнера.

Во првата просторија доминира фигурата на Икар, кој го покрива речиси целиот фронт на барот и го симболизира концептот на слобода и жртвување. Оваа скулптура доаѓа како метафора на сите наши аспирации кон слободно општество, сите препреки и ограничувања.

Таванот е украсен со Едисон светилки, вградени во скулпторските жици, заедно со јазиците поставени погоре, што претставува бучава од нашиот секојдневен живот.

Преминот кон втората просторија е креиран како една голема мурална скулптура. Human Chain е креиран од неколку безлични силуети создадени во еден вид на вртлогот на душите, симболизирајќи го нашето губење на индивидуалноста и човечноста.

Сите маси се рачно насликани и ги илустрираат пасусите од “Божествената комедија” на Данте или ги реконструираат скиците на Леонардо да Винчи. На ѕидовите има и многу парчиња на уметнички дела, вклучувајќи и четири ликовни скулптури – човек  машина, човек во молитва, човечки хаос и човек без скрупули.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВнесете ја пролетта во својот дом!
Следна објаваTommy Hilfiger – пролет/лето 2018!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР