Пролетта е секогаш најдобро време за освежување на ентериерот, бидејќи токму таа е сезоната во која природата се буди.

Ако сакате да додадете свежи и сончеви детали во вашиот дом и сакате вашиот ентериер да наликува на релаксирачка викендица или куќа покрај езеро, тоа не е проблем, бидејќи сега ви нудиме неколку лесни идеи кои можете да ги искористите во вашиот проект.

Бакарни тонови
Бакарот не е единствената метална нијанса која е денес во мода, но дефинитивно е еден од најпопуларните тонови кои додаваат софистицираност и елегантно чувство во вашиот простор. Определете се за бакарни акценти во кујната – лонци, чинии, садови, вазни, светилки, а во дневната соба поставете масички за кафе и осветлување. Бакарот совршено одговара на сите стилови и шеми на бои, додека додавањето на овие елементи во вашиот простор, може да создаде модерна и шик атмосфера.

Бршлен
Бршлените се токму тоа што ви е потребно за да го освежите и разубавите вашиот простор. Закачете ги овие растенија на различни куќи или декоративни рамки и пуштете ги слободно да одат во која сакате насока. Можете исто така да креирате прекрасни декорации, кои потоа можете да ги поставите над креветот, кадата во купатило или над пултот во кујна.

Цветни дезени
Цветните дезени претставуваат безвременска декорација, која никогаш нема да излезе од мода, а ништо како тие не ја внесува пролетна атмосфера во ентериерите. За да го направите просторот прозрачен и светол, одберете светли нијанси на убави цветни  детали – не заборавајте да ги заобиколите оние тмурните и малку потемните.

Тапети, постави, текстил, било која опција да одберете, едноставно не претерувајте, едно или две парчиња со цветен дезен, се сосема доволни за да се креира овој пролетен шик  изглед.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТренд: пролетни комбинации со жолта боја!
Следна објаваКафуле како метаморфоза на човечкиот пат преку историјата и еволуцијата!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР