Германско-данскиот уметник Емил Нолде е несомнено  една од најзначајните фигури во ерата на експресионизмот и член на познатото уметничко движење кое било создадено во 1905 година во Дрезден, од страна на неколку тогашни уметници популарно наречено “Die Brücke”. Во неговиот богат творечки опус покрај сликарството присутни се и неговите мајсторски изработени дрворези.

Пејсажот како ликовна форма од секогаш бил еден вид одраз на внатрешната состојба на уметникот, но воедно и на неговиот сензибилитет, како и впечатоците од надворешниот свет, нужно обликуван следејќи ги истите.

Прекрасните пејсажи по кои е познат Емил Нолде, изобилуваат со вибрирачки живи бои, а динамиката на тоновите и тоналитетот на истите, предизвикуваат во окото на набљудувачот силни емоции.

Жолтата, црвената, портокаловата и циноберот се боите кои преовладуваат на неговите големи платна прелевајќи се една во друга. Исконските предели кој тој ги црта изгледаат како еден вид на екстаза, предизвикуваат спротивни емоции од восхитувачка екстаза до желбата за изолација во потполна тишина. Присутниот континуитет на еден вид некомпатибилност и хармонија и сето тоа истовремено, е мајсторски изведено од страна на уметникот.

 

“Colors, the painteris material. Colors in their essence, crying and laughing, dream and happiness, hot and holy, like songs of love and eroticism, like hymns and magnificent chorales. Colors vibrate like the silvery pealing of bells and bronze tones. They herald happiness, passion and love, soul, blood and death – Emil Nolde.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР