Не постои суперлатив кој би можел да го опише и да даде слика за домот од 100.00 квадратни метри во Калифорнија …

Тоа е дом кој е етикетиран како најскапиот дом на светот, во вредност од околу 500 милиони долари, а се наоѓа во Бел Ер и е двојно поголем од Белата куќа.

Во еден од најбогатите делови во Лос Анџелес, се наоѓа овој имот вреден 0,5 милијарди долари на филмскиот продуцент и градежен претприемач Нил Ниами, а проектот беше дизајниран од познатиот 47 -годишен архитект Пол Мек Клиен.

Развојот на овој проектот се одвива на 4 хектари на ридот на западната страна на Беверли Хилс. Имотот планира да вклучи дури пет базени за пливање, казино, ноќен клуб со ВИП пристап, авенија за куглање со четири ленти и многу повеќе. Ѕидовите се направени од стакло и така се дизајнирани да “исчезнат” во околината, додека мермерните и чистите линии го нагласуваат просторот.

Оваа куќа од половина милијарда има спална соба од околу 5.000 квадратни метри, двокатен водопад, соба за контрола на температурата за чување на свежите цвеќиња, кино со 40 седишта и гаража за дури 30 возила.

Куќата е дизајнирана да може да ги задоволи сечии потреби, а има вкупно 20 спални соби и 30 купатила и секако, теретана.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНов тренд: вашите чевли на Instagram со #shoefie!
Следна објаваШарениот едиторијал `Spring Fling` на Stradivarius!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР