Во рамките на одбележувањето на јубилејот  25 години од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Франција и нашата земја во галеријата “Акантус” со посредство на Францускиот институт во Скопје ќе биде реализирана изложба под наслов “Париски сигнатури” со избор на дела на четиринаесет наши уметници кои биле изработени за време на нивниот престој во Франција и во француската резиденција во Париз. Овие уметнички дела за миг ќе ни овозможат да ја почувствуваме магијата на париската сликарска атмосфера, а при тоа ќе не внесат во трезорот на културните богатства и на различностите кои се присутни во Франција, и како самите уметници ја доживеале  истата за време на нивниот престој таму.

Изложбата ќе се одржи на 16 март со почеток во19.00h

Се гледаме!

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР