Луксузните вили во Al Barari дел од Дубаи, веројатно се едни од најспектакуларните резиденции во светот – една од нив сега е достапна за купување …

Вилата за која зборуваме е прва во премиумската енклава Desert Leaf и има површина од околу 2.650 м2, а нуди поглед на панорамата на Дубаи, вклучувајќи ја и Бурџ Калифа. Со шест спални, оваа вила има многу подобности, како што се проширени соби за гости со панорамски прозорци. Исто така постои и специјално дизајнирано главно купатило со џакузи када.Приватното кино и собата за покер се со оригинални казино-чипови од Монте Карло,  кои се даваат на сите оние гости кои имаат страст за забава. За ентузијастите на автомобили, има климатизирано шоурум со доволно простор за четири возила, како и посебна гаража со доволно простор за три автомобили, кои се за секојдневна употреба.

Без базен, ниедна луксузна вила не е комплетна, а оваа вила има спектакуларен базен со оптичко осветлување и стаклени ѕидови, кој е нагласен со гломазниот џакузи. Ниту во базенот ниту во џакузи кадата нема хлор, бидејќи нивната вода се прочистува со УВ и јонски филтрирачки системи.

Спуштениот бар со делот за скара и камин е место каде што можете да уживате со вашите пријатели со LED осветлување и водопад во позадина. Високата дрвена ограда ќе ве заштити од љубопитните очи и ви гарантира сигурност и приватност.


Цената на овој имот е 11 милиони долари, што и не е толку високо, ако го споредите со сите придобивки што ви се нудат. Дали има некој заинтересиран?
https://youtu.be/eNYs5VcqtGM

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОваа седмица во Јавна Соба
Следна објаваStatement обетките повторно се во мода!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР