Мириснo дрво, комотен мебел и минималистички декор – ова е ентериерот на модерна планинска куќа на Алпите.

Градот Вербиер, каде се наоѓа оваа куќа, е познат како швајцарски алпски ски центар (меѓу другите, тука е организиран и натпреварот на Светското првенство).

Тука, Франческа Кутини, основачот на “Studiododici” дизајнираше модерна колиба од 150 квадратни метри. Секако дека е одлично да се вратите на ова топло место по долгиот ден на падините. Ова е повеќе од замена за вистински дом – оваа куќа во Вербиер е местото, каде што секогаш ќе сакате да се вратите.

Дизајнерката создала минималистичко, но топло и удобно место за живеење. Големите прозорци на оваа прекрасна куќа се отворени за панорамата на величествените швајцарски Алпи. Целокупната конструкција е изработена од рециклирани материјали. За дрвени подови е користен даб, а прозорците и вратите се исто така направени од дрво.

Во купатилото, дрвото го прати каменот. За возврат, дрвените скали се украсени со стаклени огради, воведувајќи мала модерност во просторот од дрво, кои во исто време се вклопуваат во дизајнот на класиката.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПариски хроники на Hippy Garden!
Следна објаваТопла атмосфера во домот!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР