Крзнени детали

Деталите од природно или вештачко крзно, се совршени детали за создвање екстра- топлина во вашиот дом. Без разлика дали се во форма на тепих, перница или додаток на столица, оваа идеја сигурно ќе го разубави било кој дел од вашиот дом или ќе го акцентира одреденото парче мебел.

“Fensi” – послужавник
Секогаш имајте покрај себе се што ви е потребно и заборавете да станувате по 100 пати, бидејќи сте заборавиле нешто. Освен што ќе изгледа убаво на вашата масичка, послужавникот е одличен додаток за собирање на трошки и чување колачиња, чај, сок или кафе.

Дебело и големо ќебе
За време на викендите сакаме да спиеме подолго и да се мазиме со саканата личност. А топлото ќебе е се што ви треба да се направи уште попријатна атмосфера. Додека гледате филм или серија на каучот, ќебето е одличен додаток, а под него може да се најде и вашиот најдобар пријател, крзненото милениче. Покрај тоа, ќебето ќе биде и одлична декорација преку креветот!

Растенија за здрава доза на боја во вашиот дом
Не ги оставајте растенијата на тераса или пред влезната врата, туку внесете ги во вашиот дом. Одберете еден агол или полица и креирајте ја вашата мала оаза која ќе го прочиистува воздухот и ќе го направи целиот простор поубав и попријатен.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодерна планинска куќа со поглед кон Алпите!
Следна објаваОбјавен Конкурсот за стипендии на Семос Академија на тема „Звукот на градот“
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР