Многумина паузата ја користат за да јадат или да запалат цигара и да разговараат со колегите, но има една многу подобра работа, што ќе ви овозможи да бидете попродуктивни и енергични …

Секому работата му е тешка и заради тоа, секој едвај чека кога ќе дојде времето за пауза.  Иако главната пауза е предвидена за оброци, исто така постојат и оние кратки паузи кои можеме да ги земеме, од време на време и кои ни овозможуваат да се одмориме малку од напорната работа. Меѓутоа, скоро сите, овие паузи ги користат за да спремат ново кафе или да запалат цигара со колегите.

А всушност тоа што треба да го направите е, да излезете однадвор и да направите краток круг. На овој начин, ќе се размрдате, ќе го иницирате крвотокот, ќе внесете повеќе кисолород во вашето тело, ќе се рабудите и истовремено подобро ќе размислувате.

Голем број вработени за време на паузата и понатаму остануваат на своето работно место, седејќи и гледајќи ги социјалните мрежи и читајќи вести.

Можеби ова ве ослободува, но тоа во никој случај не е добро за здравјето на вашиот организам. Потрудете се секој ден, да одите на една кратка прошетка, најмалку 10 минути и ќе видите дека ќе се чувствувате подобро и ќе постигнете подобри резултати на работа.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТоп 5 парфеми кои секој маж мора да ги има во 2018 година!
Следна објаваMANGO | КАМПАЊА ПРОЛЕТ/ЛЕТО 2018
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР