За секој од нас, Новата година е нешто посебно – дали затоа што во тоа време имаме можност да поминуваме повеќе време со своите сакани или затоа што ја сметаме како шанса за нов, подобар почеток.

Се надеваме дека ќе ги исполниме нашите желби и соништа, ќе бидеме похрабри, спремни да ризикуваме за сите предизвици што таа ќе ги постави на нашиот пат. Сепак, некои велат дека Новата година не е нов почеток, а не е ниту крај, туку продолжение во кое влегуваме побогати за многу искуства.

Подарувањето на подароци за Нова година, треба да биде чин на почит и љубов!

За да ги израдуваме оние кои ги сакаме, треба само да бидеме креативни и да смислиме идеја која нема да не чини ниту еден денар, а ќе покаже дека во подарокот се вложени љубов и труд.

Размислете добро за тоа, што најмногу ја интересира личноста за која го купувате подарокот. Можеби се интересира за книга, наука, спорт, технологии, уметност или мода. 

Но што да се купи на човек кој се чини дека има сè или барем, има доволно пари за да си купи што сака?

Поклон честитка или убав џемпер…омилена книга или некоја друга мала ситница, се чини дека за нив, не е доволно. Понекогаш се чини дека за нив не важи ни важечкото правило дека не е важен подарокот, туку фактот што некој помислил на нив, кога истиот го купувал.

Познатите и богатите тој проблем го решаваат вака:

Џон Леџент на Кристи Тајген и подари цела пита пармезан која таа го обожува.

Овој подарок е пред се симпатичен, отколку скапоцен и безначаен!

Подарете им куче за кое вистински ќе се радуваат!

На крај, идеата е да им подарите нешто што вас ве интересира или нешто што со пари не може да се купи, а тоа значи, вие самите да направите оригинален подарок и убаво да го спакувате!

 

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваJimmy Choo : кампања Cruise 2018 со Kati Nescher !
Следна објаваКолекција Wood & Glass – убави предмети од стакло и паднати дрвја!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР