Иновативен камп за поттикнување претприемнички дух кај младите

Со почеток во 10 часот, денеска во хотелот Холидеј ин – Скопје, ќе се одржи еднодневен „Иновативен камп – натпревар на средношколци во претприемачки вештини“. Натпреварот е во организација на Џуниор Ачивмент Македонија (Junior Achievement Macedonia), кој е дел од глобална мрежа JA Worlwide, која ги поттикнува и помага младите за идните работни места. Програмата е поддршана од УСАИД во Македонија. Директорот на канцеларијата за развој на УСАИД, Едвард Гонзалез и извршната директорка на Џуниор Ачивмент за Европа, Каролин Џенер, ќе имаат куси излагања во официјалниот дел од натпреварот во 16 часот.

Целта на оваа програма е да се стимулираат младите луѓе од земјава со цел да се развие во нив амбиција за претприемачки дух, давајќи им надеж дека и во земјава ќе можат да ги реализираат своите идеи за кои што се наобразувани. Изминативе години имаше огромен одлив на „мозоци“ од Македонија, и многу млади луѓе едноставно немаа простор да ги реализираат своите амбиции. Овој натпревар им овоможува интензивно еднодневно искуство, кое има за цел да ги провери нивните потенцијали, да ги насочи за понатаму да го најдат своето место по дипломирањето, да ги научи да работат во тимови со непознати луѓе и да им ги развие вештините за презентација и едновремено вештините за креирање бизнис план. Натпреварот има за цел да ги амбицира средношколците да ги употребат своите знаења на иновативен начин, како би го стимулирал во нив претприемачкиот дух и како би ги зголемиле шансите понатаму за вработување.

На годинашниот Иновативен камп ќе земат учество 140 ученици од 28 средни училишта од Крива Паланка, Куманово, Пробиштип, Битола, Охрид, Ресен, Валандово, Гевгелија, Прилеп, Кавадарци, Тетово, Велес, Берово, Струмица, Штип и Скопје. Темите на Иновативниот камп се од најразлични области, но секогаш врзани со реални бизнис проблеми. Средношколците се поделени во тимови од петорица од различни училишта, така што никој меѓусебе не се познава. Ваквиот принцип на работа е поголем предизвик за самите деца, кои ќе имаат кусо време да се запознаат меѓусебе, да научат да работат во тимови со непознати луѓе, што донекаде е автентичен приказ за нивна понатамошна стимулација, кога во реални околности би се нашле во нова компанија во која се очекува веднаш да се вклопат и да работат. На крајот најдобрите ќе бидат рангирани и ќе им бидат доделени три пласмани прва, втора и трета награда.

По тој повод извршниот директор на Џуниор Ачивмент за Европа, Каролин Џенер вели: “Ни претставува особено задоволство што имаме можност да работиме во Македонија, овојпат во насока на зајакнување на младите и нивно стекнување на претприемачки вештини, кои ќе им бидат потребни за да успеат во светот на работата. Ја поздравувам заложбата на Владата за постоење на силна национална стратегија за претприемачко образование, и тоа е нешто што ќе овозможи побрзо остварување на посакуваните резултати. Ова прашање исто така е од суштинска важност кога станува за трансформација на економијата, отворањето на работни места и прилагодувањето на пазарите на труд кои, инаку, многу брзо се менуваат. Џуниор ачивмент Македонија ќе ги зближи училиштата и компаниите и ќе овозможи потесна соработка помеѓу владините експерти и експертите за политики. Станува збор за еден од најдобрите и најодржливи чекори кои можеме да ги направиме за да ги поддржиме младите луѓе.” 

Иноватиниот камп претставува сериозен вовед во програмата Ученичка компанија во светот на бизнисот. Македонија е составен дел од програмите на светската мрежа Junior Achievement Worldwide, кои се спроведуваат ширум светот. Насловот на програмата е „Ученичка компанија“, која Европската комисија ја дефинираше како најдобра пракса за претприемачко учење кај учениците од средните училишта. Ученичка компанија е образовна програма која им овозможува на учениците да бидат вклучени во развојот и менаџирањето на сопствените компании, со вистински производи и услуги и да управуваат со заработувачката на пари за време на средното образование. Програмата се заснова на принципот на учење преку работа – учениците преку наставната програма, под надзор на обучени менторски професори, создаваат компанија, ја развиваат и затвораат во текот на учебната година.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објава5 декоративни трендови во 2018 година!
Следна објаваНајубаво украсени хотели за време на новогодишните празници!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР