Со особено задоволство издавачка куќа Антолог најавува голема предновогодишна забава и попусти што почнуваат денеска, а ќе траат до 14 јануари следната година. Под мотото „Сами направете пакетче за себе и за најблиските!“, „Антолог“ приреди многубројни изненадувања за да им ги разубави овие празнични денови на своите читатели.
Новогодишните и божиќните празници се идеален повод за да се подари книга и затоа ние оваа година сакаме на читателите да им овозможиме сами да си ги направат новогодишните пакетчиња, односно сами да си ги одберат омилените книги во наше издание, а ние ќе ги спакуваме во новогодишно руво и ќе им дадеме празничен попуст, и тоа:
–     за пакет од 2 книги – 10% попуст
–     за пакет од 3 книги – 20% попуст
–     за пакет од 4 или повеќе книги – 30% попуст
Акцијата важи само во двете книжарници на „Антолог“ – во Центар (ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31) и во Дебар Маало (ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29), а ги опфаќа сите книги во издание на „Антолог“, освен книгите на Ана Бучевиќ.

Разубавете им ги претстојните празници на своите блиски со оригинален подарок од „Антолог“.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСлободна волја – Виктор Ремизов
Следна објаваЦрвена боја како избор за дочек на новата 2018 година!
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР