Новата година е на самиот праг и сите ние веќе размислуваме околу изборот на гардеробата што ќе ја облечеме за оваа пригода. Да заблескате во најлудата ноќ нашиот избор падна на црвената боја. Да, драги наши дами! Црвен фустан со кој нема да згрешите!

Црвената боја како да повеќе им одговара на бринетите и дамите со потемен тен, додека пак  дамите  со посветла боја на коса и тен, би требало да одберат некоја од нијансите на сината боја.

Во секој случај едно е сигурно, црвената боја носи во себе посебен импулс кој зрачи со страст, а во исто време е магична и секси, сензуална и привлечна. Посебно важни се модните додатоци за оваа боја како што се чевлите, ракавиците и накитот.

За крај, да не ја заборавиме самодовербата како еден од главните елементи при носењето на црвената. Таа секако во голема мера допринесува за зголемувањето на истата. Дочекајте ја новата година со стил. Облечете се во црвено!

Среќна нова 2018 година!

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР