Како најголема малопродажна групација на компании за текстил во регионот, која ги поседува правата на ексклузивност, франшиза и мастер франшиза за многу светски познати модни брендови, Fashion Group се стреми секогаш да внесе новитети и да обезбеди уникатно искуство за своите купувачи.

Во таа насока, страницата www.e-shop.fashiongroup.com.mk ќе биде виртуелна продавница во која ќе бидат застапени речиси сите брендови на Fashion Group со својот целосен асортиман. Во оваа онлајн продавница купувачите ќе имаат можност едноставно, брзо и безбедно да ги купуваат своите омилени производи.

Живееме во време на огромна дигитализација, време во кое се менуваат купувачките навики, а секоја модерна компанија која ги следи потребите на своите потрошувачи тежнее кон прифаќање на новите трендови на работење. Голем дел од македонските купувачи се навикнати да купуваат онлајн и тоа најразлични видови на производи, но тоа е најчесто од странски веб страници, со што трошоците за испорака се големи.

Затоа тимот на Fashion Group Македонија, ја создаде оваа платформа како збогатување на постоечката онлајн понуда и како можност за купувачите да пазарат во било кое време и од било кое место, со тоа избегнувајќи “патување” до трговските центри, чекање редици и заштедувајќи време.

Виртуелната продавница на Fashion Group  е отворена 24/7, 365 денови во годината.  Таа е новата онлајн дестинација за сите љубители на модерното облекување. Ве очекуваме! 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПромоција на книгата „Мали огласи и уште по нешто”
Следна објаваЕдинствена нијанса на сенка за очи која ви е потребна оваа зима!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР