Новата поп – изложба во Лос Ангелес ја претвора фразата “најди го своето среќно место” во реалност …

Серија на тематски инсталации, буквално наречени Happy Place, се состои од активности дизајнирани така, да измамат насмевка на лицата на сите љубители на музејот. Овој простор од околу 2.000 квадратни метри има тринаесет соби кои се полни со сцени кои го зголемуваат расположението.

“Сакам да живеам и да ги одгледувам моите деца во свет во кој сме опкружени со работи кои нè прават среќни. Со бројот на несреќни настани што се случуваат секојдневно во нашиот свет како целина, може добро да му дојде малку поголема доза на среќа “, рече Џаред Пол, основач на инсталацијата Happy Place. ” За да го претвориме овој сон во реалност, тргнавме во авантура за да создадеме посебно место, исполнето со насмевки и смеа, што е достапно за секого”.


Како што покажува искуството што го нудат оваие инсталации, можете да дувате во свеќи на џиновската торта или да скокате во ќуп со повеќе од 25.000 монети украсени со насмевки… “Рајската соба” ќе ви покаже скулптури дизајнирани од уметникот Стивен Харингтон, додека најголемита купола фрла повеќе од 500.000 конфети на своите посетители.


Музејот Happy Place ги отвори своите врати на 20 ноември и ќе биде отворен до 7 јануари следната година. Оние кои можат да си дозволат VIP влезници ќе можат да ја закажат својата посета, да влезат преку ред и да го посетат целиот музеј со водич, ќе  добијат подарок на крајот од посетата и ќе имаат можност за ангажирање на фотограф кој ќе ги следи и ќе им направи професионални фотографии.


СПОДЕЛИ
Претходна објаваCamila Cabello во новогодишната кампања на Guess Jeans!
Следна објаваУбави градови како од бајките!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР