Зад профилот © dressedtomatch стои Michelle Satterlee, која објавува фотографии кои изгледаат како визуелни реплики на познати уметнички дела.

“Секој ги сака работите што се совпаѓаат или се вклопуваат едни со други, тоа му е многу допадливо на окото, а мислам дека токму тоа и ги привлекува луѓето”, вели Michelle, која раководи со уметничка галерија во Сакраменто.

Првиот пат кога облеката се совпаднала со уметничкото дело било во 2013 година. За да ја отвори изложбата, купила светло-розева облека со потпис на Диана фон Фурстенберг. Таа вели дека моментот кога таа се појави во галеријата бил  незаборавен и страшно смешен.

Од тогаш, таа почнала да носи облека што одговара на делата кои се излагаат на изложбите.

Во септември 2015 година, таа го отвори Instagram профилот за да ги документира овие моменти.

При изборот на фотографии, бојата е најважна за неа, потоа целиот дезен на облеката, содржината во уметничкото дело и конечно позата.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВнимавајте каде патувате во 2018-та!
Следна објаваЗнаете ли колку чини најскапиот телефон на светот?
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР