Борнео … рајот на Земјата, непрегледни песочни плажи, величествени прашуми … името на овој остров во Југоисточна Азија, опкружен со кристално сино море, во неговата оригинална форма, најверојатно значи “луѓе од морето” … Оваа уникатна колекција е ода на радоста која ве поканува да запловите во бујната и раскошна вегетација која го одзема здивот.

Колекцијата Борнео располага со ѕидни тапети во богати и луксузни бои, мозаици од елегантни природни материјали кои ја отсликуваат убавината на овој егзотичен остров. Таа ги комбинира скапоцените природни производи, рачно изработени од вештите занаетчии, со еколошки ѕидни облоги со мат текстури.

Опсегот на бои вклучува неутрални, нежни тонови, како и посилни, потемни нијанси. Тука се песок -белата, орев-смеѓата, пастелно-сината, пудер – розовта, тиркизната, зеленикаво-жолтеникава,  дури и присуство на длабоки црвени нијанси.

Колекцијата Борнео сигурно ќе ги збогати вашите ѕидови и ќе внесе префинет допир на егзотичен шик во вашиот ентериер.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПогледнете го новиот трејлер за филмот”Fifty Shades Freed”!
Следна објаваНова колекција на Dolce & Gabbana за пролет/лето 2018!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР