Кошмарот на многумина кои се движат во музеј или галерија е да не уништат некое уметничкото дело!

Ја изгубивте рамнотежата, запеавте, се удривте со некого, тоа се всушност многу веројатни сценарија кои можат да минат низ вашата глава, додека гледате уметнички дела во музеј.

Дали сте се запрашале што би се случило ако уништите уметничко дело во вредност од стотици илјади или милиони евра. Таквите ситуации не се невозможни, се разбира, на интернет гледаме клипови од такви сценарија, дури и неодамна, само два дена по отворањето на изложбата на Јајој Кусама во Хиршхорн, еден посетител со намера да nнаправи селфи, оштетил една тиква, а такви ситуации има повеќе отколку што можете да  замислете, а тоа најдобро го знаат кураторите и водителите во музеите и галериите..

Image may contain: 1 person

Ние ќе ве утешиме и ќе откриеме дека во случај на ненамерно оштетување на такво дело, не ја покривате вие штетата, туку осигурувањето. Откако некое уметничко дело е оштетено или уништено, галеријата, музејот или институцијата во која се случил инцидентот, ќе го комплетира извештајот кој документира што и како се случило и кој бил вклучен. Имајќи ги во предвид можностите за таквите ситуации, тие институции преземаат мерки на претпазливост на почетокот, затоа има музејски чувари или осигурување, а изложбените предмети се поставени на таков начин што ќе ја намалат потенцијалната опасност за уметничкото дело кое е изложено.

Шангајскиот музеј на стакло, минатата година го доживеа тоа на потежок начин, кога беше уништена скулптурата  „Angel Is Waiting“ од уметницата Shelly Xue , која ја создаваше  скулптурата 27 месеци, а ја посвети на својата новородена ќерка. По уништувањето, таа одлучи да го преименува делото во „Broken“.

Image may contain: one or more people and indoor

Што се случува со уметничкото дело откако ќе се оштети?

Керол Фогел напиша за “Њујорк тајмс”, дека кога го слушнала конзерваторот за тоа како да се поправи сликата “Актерот” на Пикасо, говорот бил еднаков на говор, кога докторот на итна попош разговара за лечење на пациентот, кој претрпел страшна сообраќајна несреќа.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПовик за учество во работилници на Истражувачки филмски фестивал Скопје
Следна објаваВиди што ќе се случува оваа седмица во Јавна Соба
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР