За да ги освоите поените кај идниот работодавач, покрај професионалното знаење, важен е визуелниот аспект. Добриот впечаток, исто така, зависи од правилниот избор на облеката.

Чевли кои ретко ги носите

Првото правило е, ако ги носите чевлите помалку од еднаш месечно, не ги облекувајте за интервју за работа. Без разлика дали се на ниска, средна или висока пета, во нив треба да се чувствувате удобно и да зрачите со самодоверба. Значи, бидете сигурни дека во вашите чевли се чувствувате удобно, без разлика дека изгледаат помалку носени.

XXL торба

Не, не ви треба литар шише со вода, цела торбичка за шминка или календар за 365 дена во годината, за да го запознаете вашиот иден работодавач. Големата и преполна торба сигнализира дека сте неуредна и неорганизирана. Оставете ја голема торба дома за некоја друга пригода, а наместо неа, земете ја помалата торба. Ако треба да носите повеќе документи, подобро ставете и во папка и носете во рака.

Фармерки

Не е важно кој тип на јакна ќе облечете, но фармерките даваат обичен – кежуал впечаток, кој не е соодветен за деловно опкружување, барем не за првото интервју. Дури и ако аплицирате за работа каде што кодексот за облекување е малку полежерен и опуштен, заменете ги фармерките со панталони или пристојно здолниште.

Модерна облека

Можеби сте вистинска трендсетерка и во поголемиот дел од времето тоа е супер ,одлично, но првото интервју не е вистинското место за тоа. Треба да бидете свесни дека многумина не се во тек со трендовите како вас. Вашиот избор на фустан, работодавачот може да го разбере како неуреден и несоодветен избор за деловно опкружување. Ако сакате да оставите впечаток дека сте амбициозни и сигурни, носете квалитетна и класична бела блуза.

Премногу парфем

Сигурно не сакате да мирисате како да живеете во парфимерија и да оставате невидлив мирис по ходниците на компанијата. Употребете само неколку капки парфем или замолете ги домашните да ве мириснат и кажат, колку силен е вашиот парфем. Со честата употреба на истиот парфем не можеме да процениме колку силно мирисаме, бидејќи нашиот нос веќе се навикнал на одреден мирис и не го перцепира. Поважна работа од парфемот е дезодорансот и мирисот на свежина.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваАко сакате ориз, овој апарат ќе ве воодушеви!
Следна објаваНеверојатно луксузна вила во Дубаи!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР