Фотографското око преку својот објектив најчесто го презервира моментот од животот во континуимот простор-време но, неретко преку него се изразува и револтот кон процесите кои доведуваат до изобличување на природниот тек на нештата. Во оваа наша измината деценија кога и модерната архитектура и брутализмот во градот беа окарактеризирани како некаков надминат шунд повторниот поглед кон тие историски зданија, всушност, во целост ја открива нивната импозантност.

Низ фотографиите на убавите урбани линии на брутализмот и модерноста е изразен и личниот револт што тие сега претставуваат дел од нашиот затемнет град. Овие градби нема воопшто да ги видите освен кога врз нив паѓаат сончевите зраци затоа што кон нив светлата на велеградот не се насочени. Овие уметнички правци во архитектурата од денешен аспект, всушност, во себе ја носат и историчноста и континуитетот на нацијата да биде секогаш во чекор со светскиот архитектонски светоглед.

Изложбата „Затемнетиот град“ е дел од поширок истражувачко-фотографски проект кој треба и понатаму да ја следи архитектонската скулптура на територијата на Р Македонија, а е започнат од страна на авторот во 2012 година. Изложбата е дел од „Нов културен бран 2017“ помогнато од Министерството за култура на Македонија.

Во овој дел на на проектот ќе бидат изложени фотографии од архитектонските скулптури на архитектите Јанко Константинов, Георги Константиновски, Славко Брезовски, Едвард Равникар, Марко Мушич и други.

Музеј на Современа Уметност, Скопје

20.10.2017, 20ч., 

Затемнетиот град

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправете сами – украс за коса во Шанел стил!
Следна објаваНајубаво цвеќе за вашата есенска градина!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР