Без разлика дали живеете во куќа или стан, сигурно посветувате многу внимание на изгледот на вашата градина или тераса …

Најлесен начин за декорирање и уредување на терасата или градината од било која големина, е да го донесете цвеќето во нивниот простор.

Меѓутоа, кои цвеќиња да се изберат сега, кога летото официјално заврши и настапи постуденото време?

Не грижете се за тоа, ние успеавме да пронајдеме неколку видови на цвеќиња кои ќе бидат идеални за есенската градина.

Уживајте и најдете го вашиот омилен цвет!

Змијски корен

Овие убави растенија можат да цветаат од крајот на летото до почетокот на зимата и ќе ве воодушевуваат со интересните форми и снежно-белата боја. Покрај убавиот изглед, ова растение ги одбива штетниците, а привлекува пеперутки.

Цвет – балон

Името на овој цвет се однесува на неговата пупка, која се отвора на есен и ги прикажува сите прекрасни нијанси на сината боја на овој цвет. Тој ќе ја нагласи вашата градина и сигурно ќе привлече многу внимание.

Alyssum maritimum

Ова мирисно и шарено растение ќе ја украси вашата градина како мек шарен тепих  во бела, виолетова или розова нијанса. Исто така, може да се постави во високи садови од кои ќе виси и ќе направи прекрасни цветни водопади.

Целосија

Држете се до традиционалната есенска палета на бои. Овие убави цвеќиња со интензивни бои го сакаат сончевото место, па ако имате таков дел без цвеќе – слободно инвестирајте во ова растение.

Астер
Виолетовата, е овогодишната есенска боја, така што можете да ја вклучите во изгледот на вашата градина или тераса, со помош на овој цвет. Засадете ги еден до друг цвет во различни бои и ќе имате убави цвеќиња во текот на целата годината, а посебно во текот на есента.

 Кинеска каликарпа
Ова брзорастечко растение е убаво во сите сезони – со розови цветови на пролет и со големи виолетови плодови кои личат на грозје и траат до средината на зимата.

Хризантема

Хризантемата е едно од најпопуларните есенски цвеќиња, бидејќи го симболизира оптимизмот, радоста и долговечноста.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИзложба за оваа недела во Скопје | Затемнетиот град
Следна објаваКако до додатни места за седење во домот?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР