Луѓето во повеќето земји во светот се значително повисоки отколку во минатиот век. Научниците направија студија во која ги анализираа промените во висината на луѓето ширум светот во последните 100 години. Еве го резултатот.

Истражувачката научна мрежа Non-Communicable Diseases Risk Factor Collaboration (NCD-RisC) во списанието eLife, ги објави резултатите од анализата за промена на висината.

Тимот на научници ги споредил 18-годишните мажи и жени родени во 1896 година со оние родени во 1996 година во 187 земји.

Лидерот на проектот и научник Маџид Еазти изјави за Би-Би-Си, дека некои од овие промени може да се објаснат со гените “варијациите во дел од светот се претежно еколошки”. Ова значи дека луѓето стануваат повисоки поради надворешните фактори како што се подобрата здравствена заштита, подобри санитарни услови и исхрана.

На врвот на листата се жените во Јужна Кореја, кои во просек пораснале за 9 сантиметри, а мажите во Иран, се во просек 6 сантиметри повисоки од пред 100 години.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТепихот е детаљ кој има моќ целосно да го трансформира вашиот дом!
Следна објаваЦела недела служиме добра музика и уживаме во одлична храна
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР