Yayoi Kusama, 88-годишна јапонска уметница од светски калибар за која малку луѓе не слушнале, го доби својот прв самостоен музеј.

Кусама е една од најпознатите и уникатни современи женски уметници, која во денешно време доброволно работи од својот дом кој се наоѓа во ментална болница. Од млада возраст одбележана со ментална болест, таа честопати зборува за своите  дела  како пренос на халуцинации кои ги има на опиплив медиум. Опусот на  Кусама е разновиден, како и нејзиниот избор на изразување, од сликање, преку скулптури до перформанси и еколошки инсталации.

Пред неколку години, Кусами ја забележа петокатницата во бела боја во Токијскиот дел наречен Шинџуку. Зградата била изградена од Куме Секеи, а се карактеризира со обли ѕидови и високи тавани во внатрешноста. Таа зграда сега стана идеален домаќин на делата на оваа уметница.

На првиот кат на музејот има продавница со интересни сувенири и подароци, како и влезот. На вториот и третиот кат се прикажани серија самостојни уметнички дела од Кусама, а на четвртиот кат има инсталации за животната средина. На петтиот кат има читална и архива со документи поврзани со Кусама, како и тераса. Со лифт од приземјето, сите посетители можат да дојдат на највисокиот кат, каде што ќе бидат пречекани од новата скулптура  ”Starry Pumpkin”(“Ѕвездена тиква”).

Музејот е отворен со изложба насловена како “Создавањето е самостоен напредок, љубов е она што те приближува до уметноста”, а се истакнуваат најновите серии на слики на уметницата под наслов “Мојата вечна душа”. Во музејотот, исто така, може да  се погледнат и други нови цртежи и инсталации на оваа светски позната уметница.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМагија на македонската литература во Франкфурт
Следна објаваOscar De La Renta “За жените и нивната самодоверба”
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР