Самодоверба е во чекорот и препознатлив парфем! Овој едноставен рецепт за тоа како жената да биде атрактивна и заводлива е на познатиот дизајнер Oscar De La Renta.

Роден е на 22 јули 1932 во Домениканската република. На 18 годишна возраст се сели во Шпанија каде се запишува на уметничката академија отсек сликарство. Првите почетоци во светот на модата тој ги започнува токму во ова време и прави модни скици за многу познати модни куќи. Важен момент во неговиот живот во овие свои студентски денови е и оној кога започнува да оди на пракса кај познатиот Cristobal Balenciagа кој ќе го смета за свој ментор и една од најважните личности во својот живот.

Во 1961 година се сели во Париз каде за мошне кратко време станува еден од челните луѓе во Lanvin. Со својот препознатлив и уникатен стил тој станува главен дизајнер на сите први дами во белата куќа во Америка.

“Жената мора да биде вљубена во облеката што ја носи”, ќе рече тој во една прилика. Според неговото мислење следниве неколку работи се неопходни за секоја една дама.

  1. Малата женска чанта која крие безброј мали слатки тајни, затоа таа е вистинскиот придружник на дамите во секоја прилика.

2. Црната чипка е несомнено најженствениот материјал и затоа таа е еден од заштитните знакови на моделите на Оскар.

3. Чевли со високи потпетици. Секоја жена треба да поседува барем по еден пар впечатлив модел на сандали и салонки.

4. Најважно од се за познатиот креатор е целта во животот. Тој сметал дека помагањето на другите луѓе, а со тоа и разубавување на нивниот живот е една од најважните работи кои треба да ги прави секој од нас.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР