По повод петтиот роденден на Skopje City Mall, денес се одржа прес-конференција на која претставници на менаџментот од трговскиот центар на медиумите им го претставија досегашното работење, идните планови, како и деталната роденденска програма.

Генералниот директор на Skopje City Mall, Ебру Радевски, на прес-конференцијата ги истакна досегашните достигнувања на трговскиот центар, како и ги најави новитетите кои ќе се случуваат во иднина.

“Skopje City Mall како регионален шопинг центар е во плановите на сите големи светски брендови кои сакаат да отворат своја продавница и во Македонија и како такви најпрво се заинтересирани за простор токму тука. Во Skopje City Mall моментално има 175 закупци, а годишно се заинтересирани повеќе од 200 брендови за отворање на своја продавница. Токму затоа во идните планови ни е зацртано проширување на нашите капацитети за да ги задоволиме нашите заинтересирани клиенти во нивните барања.” – изјави г-ѓа Ебру Радевски.

На прес-конференцијата беше соопштено дека Skopje City Mall од ноември 2016 е дел од Хајстед Лимитед, кој е водечки специјализиран фонд за трговски центри и работи портфолио на шопинг центрите во Југоисточна Европа. Хајпроп Инвестментс Лимитид (REIT рангирани на JSE) поседува 60% од акциите во Хајтсед и ПДИ-компанија која ја застапува Луј Норвал, ги поседува останатите 40% од акциите. Хајстед поседува четири трговски центри во Југоисточна Европа, “Delta City“ Подгорица (Црна Гора) со 23.718м2, “Delta City“ Белград (Србија) со 27.693м2 , “Skopje City Mall“ Скопје (Македонија)  со 36.999м2 и “Мол“ во Софија (Бугарија) со 52.000м2.

Стратегијата на Хајстед е да поседува висококвалитетни трговски центри на пазарите во развој, кадешто таквите средства може да се стекнат или развијат со атрактивни приноси. Трговските центри на “Хајстед” доминираат во однос на просечната големина, а со тоа привлекуваат нови концепти и водечки продавници и ги прават нашите центри најпосакувани локации за локални и меѓународни брендови. Структурата на компанијата обезбедува цврста основа за извршување на нашата стратегија, со способни и искусни тимови и практичен пристап кој ни овозможува ефикасно управување со нашите средства за да се постигне тековен приход и раст на капиталот.

Според Дарко Панчевски, претсавник од маркетинг секторот, Skopje City Mall секогаш како и до сега, ќе продолжи да се грижи за своите потрошувачи и закупци.

“Ми претставува навистина чест и задоволство што сум дел од еден ваков голем објект, кој во изминатите години успеавме да го направиме регионален лидер кога се работи за шопинг центрите. Од денот на отворањето па се до денес низ молот поминале повеќе од 35.000.000 посетители, сме организирале и поддржале повеќе од 330 хуманитарн проекти и настани, повеќе од 220 кампањи, 12 музички концерти, 4 модни шоуа, како и 4 интернационални патувачки настани. Сето ова ме прави максимално горд и ми дава предизвик за наредниот период. За роденденот обезбедивме богата роденденска програма за сите посетители на Skopje City Mall, каде ќе имаат возбудливо шопинг искуство од 6ти до 8ми октомври со попусти до -50%. На 7ми октомври (сабота), трговскиот центар ќе работи до полноќ каде ќе делиме и бесплатни коктели со секоја сметка над 500 денари, а вечерта ќе се одржи ултра-спектакуларен концерт Хит за 5, со многу познати пејачи и групи од македонската естрада кои ги одбележаа 90тите години. Организираме и модна потрага кадешто актерите Тино и Атанас ќе ги бараат стилски најдобро облечените во женска и машка категорија, а ќе ги оценуваат Александар Биљановски-ДАДАР, Сретен Костиќ, Сергеј Варошлија, Марија Илиќ, Андреј Папаз и Елена Стефановска. За крај на вечерта ќе настапи и еден од најголемите диџеи на денешницата, DJ James Zabiela. Како и секогаш, така и овојпат не ги забораваме и нашите најмали посетители, односно на 8ми октомври организираме Семеен ден со настап на Петко и бендот 5+.” – изјави Панчевски.

Она коешто со посебен интерес ја ја привлече јавноста е ретро забавата Хит за 5 од 90-те години, каде после долги години Skopje City Mall и Мартин Трпчевски успеаа да ги соберат на сцена изведувачите кои имаат оставено голем белег на музиката.

“Навистина ми е многу драго што успеавме во реализација на овој проект, да ги собереме сите македонски изведувачи кои својата слава ја доживеаа во 90тите години, а дел од нив веќе долго време не се на сцената. Ве повикувам сите да дојдете на 7ми октомври во Skopje City Mall заедно да запееме со Дарио, Угро, Пере Нокаут, Искра Трпева, Тамара, Александар Митевски, Гиш, Фиц Студени нозе, Верица Пандиловска, Ристо Самарџиев, Ребека, Peace Brothers, како и многу други. Ве очекуваат и неколку изненадувања. ” – изјави Мартин Трпчевски.

Од Skopje City Mall ги повикуваат сите да дојдат од 6ти до 8ми октомври во трговскиот центар, да уживаат во богатата програма и заедно да го прослават 5от роденден на нашиот најголем трговски центар.

Трезор на Тајни

  • Колку изгубени/најдени предмети се вратени,5.160 предмети,
  • Пронајдени се изгубени 240 деца и 60 возрасни ,
  • Колку автомобили сме имале, 562.927,
  • Колку километри хартија сме потрошиле, 240 км тоалетна харија и 42,2 тона пена за миење раце,
  • Колку технички операции се извршени, над 5000 технички операции надвор од редовните,
  • Секојдневно околу 50 лица се грижат за хигиена, безбедност, технички операции,
  • Годишно се рециклираат 200 t хартија и 6,5 t најлон

Статистика за големата слика

  • Над 000.000 посетители,
  • Над 608.316 посетители во киното Cineplexx до средината на месец Септември 2017,
  • Над 000 фанови на facebook.com/skopjecitymall
  • Над 000 потрошувачи наградени за својата лојалност,
  • Над 330 хуманитарни настани се директно подджани или иницирани од Skopje City Mall,
  • Над 220 кампањи и настани се огранизирани,
  • Над 50 дружења со фанови на врвни домашни и странски ѕвезди
  • 12 музички концерти
  • 4 модни шоуа
  • 4 интернационални патувачки настани

SCM Лична карта

  • Број на локали : 135
  • Број на киосци : 40
  • Годишно над 200 брендови се заинтересирани за отварање на продажен простор Skopje City Mall
  • Вкупната потрошувачка во Скопје Сити Мол од 2013 до 2016 се зголемила за 51%
  • Потрошувачката по посетител од 2013 до 2016 се зголемила за 32%
  • Познати интернационални брендови за прв пат на пазарот во последниве две години: MAC, O Bag, Navigare, Tom Tailor, Pandora, Orsay, Us Polo Assn, Skechers, Jack& Jones, Carpisa, Jamamay. Посакавме добредојде и на: Mona, Peko, Adidas, Buzz, Goody’s, Coin Casa, Sigma Jewelry, Altinbas, Bozinovski, Polaris, Lusso Home, Usta Donerci, Meridian food, Star Ocean, Vili fast food, Tritex, Bebe Houm, TAC,
  • Во локалите се директно вработени окулу 1460 вработени, од кои 367 машки и 1094 женски
  • Над 300 компании се рекламираа во над 000 промоции и закуп на брендинг позиции

 

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПознатите жени ги покажаа своите вистински лица без шминка!
Следна објаваVersace – богата пролетна колекција 2018 (омаж за Џани)!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР