Откиени плановите за првиот пловечки подводен ресорт на светот!

Дубаи, со брзина на светлината, добива репутација на иновативен град, град на идеи кои не остануваат само на хартија, а наскоро ќе стане домаќин на првото подводно луксузно одморалиште во светот, кое е брод.

The Floating Venice или Пловечката Венеција, е проект на групата Kleindienst во вредност од 680 милиони долари. Се наоѓа на островите The World во Дубаи со капацитет од 3.000 гости, ова одморалиште ќе обезбеди се што ви треба за удобен и луксузен одмор. Соби, ресторани и рекреација ќе се наоѓаат на четири палуби, од кои една ќе биде под вода.

414 кабини распоредени на четири палуби, ќе им обезбедат на гостите искуство што никогаш претходно не го искусиле. Но, додека повеќето хотели имаат пентхаус или претседателски апартман на највисокиот кат, ова одморалиште вистинскиот бисер го крие на дното, под водата.

Подводната кабина е достапна за гостите кои сакаат вистински незаборавен одмор, нудејќи погледи на коралните гребени, како и на (помалку возбудливата) долната страна на гондолите кои поминуваат.

Гостите исто така можат да уживаат во 12 лебдечки плажи, продавници, 12 ресторани и барови (три ќе бидат под вода) и првиот подводен спа во светот. Некои од 24 базени ќе имаат акрилни бази кои ќе обезбедат поглед на коралните гребени.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Брисел е убав
Следна објаваЗабава со богата програма за 5-от роденден на Skopje City Mall
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР