Kako će izgledati Rolls Royce budućnosti

За неколку дена, брендот Rolls Roycе ќе го претстави својот нов Phantom, (осма генерација) во Лондон …

2018 Rolls Royce Phantom, ќе биде придружуван од своите големи предци, а со својот изглед ќе ни даде увид во еволуцијата на брендот во текот на 92 години од своето постоење. Но, дали некогаш сте се запрашале како новиот модел на иднината ќе изгледа?

Минатата година, брендот Rolls Royce го претстави концепт моделот наречен 103EX, кој ни даде увид во визијата на овој луксузен производител за следните сто години на постоењето. Но, сепак, тоа е многу далечна иднина. Дизајнер Метју Парсонс го дизајнираше концепт на Rolls Royce Phantom, кој го опишува како модел за 2050 година.

Метју го објави својот дизајнерски рендеринг на интернет, но кога ќе се погледне филозофијата на дизајнот, тој се наоѓа некаде помеѓу актуелниот модел и концепт на Rolls Royce 103EX. Неговиот дизајн се потпира повеќе кон концептот Vision на сегашниот Phantom модел, но ги задржува веднаш препознатливите дизајнерски елементи.

Дали ќе има мотор со некој вид на гориво или електричен погон? Па, тоа уште не се знае. Иако, судејќи по оптимизмот кој го покажаа автомобилските компании до сега, до 2050 година, моторите со гориво ќе бидат дел од музејските поставки.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМиди здолништата се олицетворение на женственост, романтика и безвременски елеганција!
Следна објаваНајубав прибор за јадење!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР